Ta portalski programček ni na voljo.
Ta portalski programček ni na voljo.
Ta portalski programček ni na voljo.


ЦЕНОВНИК ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА

Патнички возила до 66 KW Патнички возила над 66 KW Моторцикли Влечни, специјални, приклучни и работни возила Комбинирани возила Товарни возила и автобуси
1 месец 1850 МКД 3075 МКД 1850 МКД 5536 МКД 9656 МКД 17222 МКД
12 месеци 3690 МКД 5536 МКД


За осигурувањето

Надомест на штета
Како да постапите при сообраќајна незгода
Обврски по враќање во Република Македонија

Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Иако сте виновни за незгодата, потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.

Доколку доживеете сообраќајна незгода:

  • не поместувајте го возилото;
  • поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
  • погрижете се за повредените лица;
  • повикајте полиција;
  • направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
  • разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
  • побарајте белешка од полицијата;
  • пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од Вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
  • доколку имате некаков проблем, јавете се во Триглав Осигурување во Вашиот град или во централата: +389 2 5102 222.

По враќање во земјата, пријавете ја веднаш штетата во Триглав Осигурување. При описот на незгодата, законски сте обврзани да бидете објективни. Дополнителните трошоци предизвикани поради необјективен опис ги сносите самостојно. Штетата на возилото, настаната надвор од 

земјата можете да ја пријавите:

  • лично
  • на e-mail адресата: steti@triglav.mk
  • по факс: +389 2 5102 297
  • по пошта, со писмена изјава
Ова е единствен начин да Ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до Вас.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Поволности

Каско поволности

Како до попуст во каско осигурување од 40% до 70%.

Бидете безбедни кога возите

Сите ваши патувања нека започнат и завршат среќно.

Калкулатор за автомобилска одговорност

Пресметајте ја премијата за автомобилска одговорност.

Погледнете ги останатите понуди

Најчесто поставувани прашања

Дали во случај на штета на автомобилот поради кражба или удар во животно во странство можам да ја пријавам истата по зелениот картон?

Не, зелениот картон е гаранција дека во случај на штетен настан предизвикан со вашето возило врз трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, штетата во ваше име ќе ја надомести осигурителната компанија.


Дали зелениот картон е поврзан со истекот на регистрацијата на возилото?

Да, валидноста на зелениот картон е поврзан со важноста на полисата за автоодговорност, односно, со истекот на полисата на автоодговорност, автоматски престанува и важноста на зелениот картон.


Во случај на удар во странско возило, дали случајот треба задолжително да го пријавам после враќањето во нашата земја во мојата осигурителна компанија?

По добивање на пријава за надомест на штета од страна на оштетениот, ќе ви се обратиме за достава на документација.


Го изгубив зелениот картон, дали може да се издаде копија? Каде да се обратам и колку чини оваа услуга?

Во случај на изгубен зелен картон, може да се издаде заменски зелен картон во истата осигурителна компанија, по цена од 300 денари.


Дали можам да извадам зелен картон од вашата компанија доколку автомобилот поседува полиса по автоодговорност од друга осигурителна компанија?

Не, зелениот картон може да се издаде исклучиво од истата осигурителна компанија каде што е издадена и полисата за осигурување од автоодговорност.