Ta portalski programček ni na voljo.

Пријавете осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување онлајн

Едноставно, брзо и безбедно од удобноста на вашиот дом.

Услугата за онлајн пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување преку OneID е достапна за клиентите на Триглав Осигурување од 1-ви април, 2024 година.

За да пријавите осигурен случај онлајн, потребно е да имате креиран кориснички профил на апликацијата OneID, со кој што се овозможува ваша лична електронска идентификација. Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост, со кое што можете да се идентификувате и дигитално да потпишувате документи со својот електронски потпис. Трошоците за креирање и користење на овој профил во потполност ги покриваме ние. OneID профилот можете да го креирате на вашиот мобилен уред, со преземање на мобилната апликација OneID, каде што можете да го погледнете и упатството за креирање на профилот.

*OneID услугата е обезбедена од регистриран Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација.


Платформата за пријава на осигурен случај можете да ја користите кога имате потреба од рефундација или гаранција на средства за медицински услуги за коишто имате покритие согласно склучениот договор за осигурување.

Процесот на пријава е исклучително едноставен:

  1. Пристапувате до платформата за пријава на осигурен случај;
  2. На платформата се најавувате со Вашиот електронски идентитет креиран преку OneID, откако сте се регистрирале и сте креирале OneID профил;
  3. Го избирате датумот на осигурен случај (датумот на користење на здравствена услуга);
  4. Ја прикачувате соодветната медицинска и останата документација, која што  е потребна за обработка и решавање на осигурениот случај;
  5. Процесот на пријава завршува со генерирање на образец за пријава, кој што едноставно дигитално го потпишувате;
  6. Добивате електронска порака со број на пријавата на осигурен случај  и линк, кој што ве води директно до неа;
  7. Во случај кога ќе бидете контактирани од Триглав Осигурување со барање за достава на дополнителна документација за отворената пријава на осигурен случај, можете да пристапите преку истиот линк и да ги испратите бараните документи.


Бидете во тек со процесот на решавање на вашето барање — можете да добиете информација за статусот кога сакате и да имате увид во документацијата којашто сте ја потпишале и поднеле.

Доколку не успеете да направите онлајн пријава за надомест на трошоци по здравствено осигурување, можете да поднесете пријава со физичко присуство во просториите на Триглав Осигурување или преку доставување на документите по пошта.

Најчесто поставувани прашања

ДИГИТАЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА НА ДИГИТАЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ




Политика за приватност
Корисничко упатство