Če želite povezati spletno vsebino, dodajte vsebino v področje spletnega mesta "triglav.mk/Glavne vsebine/Осигурување/Физички лица/Здравје/Доброволно приватно здравствено осигурување/Малигни заболувања" ali pa uporabite pogovorno okno Vsebinska točka ali način Urejanje skupnih nastavitev v Prikazovalniku spletne vsebine in izberite vsebino za prikaz. Seznanite se z nastavitvami vsebine

Шанса за фер борба

Здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба.

Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.

Услугите на Foundation Medicine се вклучени во полисите за осигурување на малигни заболувања. Овој новитет во доменот на дијагностицирање и одредување на терапија кај пациентите со малигни заболувања е дополнување на постоечкото покритие за малигни заболувања. Услугите на Foundation Medicine вклучуваат геномско профилирање на туморот во метастатска и напредна фаза, со цел  добивање на детални информации, кои што им помагаат на лекарите во креирање на персонализиран терапевтски пристап.

Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.

За осигурувањето

Покритие
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО?
ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНО?
ПРИЕМ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.


Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа.


Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист. Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија. 


Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за психијатриски услуги.


Овој производ е наменет за индивидуални и семејни корисници, кои сакаат да склучат договор за доброволно приватно здравствено осигурување.


Осигурувањето од малигни заболувања можете да го добиете како дополнително покритие во рамките  осигурувањето на операции, а износот на доплатокот зависи од видот на осигурување и тоа:

  • Кај семејно осигурување доплатокот изнесува 20% од основното осигурување на операции, по осигурено лице.
  • Кај индивидуално осигурување доплатокот изнесува 30% од основното осигурување на операции.


Доколку сте веќе корисник на нашиот пакет за врвна здравствена нега, информирајте се кај вашиот агент за можноста да го вклучите и ова покритие.

Здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба. Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.

Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.  


Приемот во осигурување се прави со достава на прашалник и историја на пациент од матичен лекар на осигурениците.

 

При склучување на полиса за осигурување во првата година е предвидена каренца, т.е.  период во кој осигуреникот нема право на надомест на штета за состојби кои ќе настанат или за кои е започнато лекувањето во тој период од два месеци за ризикот операции и три месеци за ризикот тешки болести.

 

Франшиза се применува само кај осигурувањето на операции, за состојби, коишто се јавуваат како последица на заболувања од горни дишни патишта. Франшизата е задолжителна и изнесува 30% од трошоците за оперативниот зафат.

 

E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • •0800 02222
  • •389 2 51 02222

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе
Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете

Најчесто поставувани прашања

Документи

Погледнете ги останатите понуди