Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на операции

Доброволното приватно здравствено осигурување значи грижа за сопствената и иднината на вашите најблиски. Обезбедете врвна здравствена услуга, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје.

 

Доброволното приватно здравствено  осигурување значи грижа за сопствената и иднината на вашите најблиски. Обезбедете врвна здравствена услуга, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје.

Осигурувањето на операции е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување и со него обезбедувате помош и поддршка во најстресните моменти во животот.

КОЈ МОЖЕ ДА СКЛУЧИ ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИИ

  • Секој, кој има статус на осигуреник во системот на задолжително здравствено осигурување и кој има склучено осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување,
  • Лица-странски државјани, со регулиран престој во Р. Македонија, кои не се осигурени во Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија и кои имаат склучено осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување,
  • Деца и малолетни лица можат да се осигурат на иста полиса со родителот.

ШТО ВКЛУЧУВА ОСИГУРУВАЊЕТО НА ОПЕРАЦИИ

Осигурувањето на операции обезбедува покритие за хируршки зафати, за кои што е потребно болничко лекување за скоро сите специјалистичко консултативни области.

Покритие

Осигурена сума

Територијално покритие

Франшиза

Сите операции освен операциите од долунаведените области

 

 

10.000 €

Република Македонија

и

Република Словенија

БЕЗ ФРАНШИЗА

Трошоци за превоз до Словенија во обата правци за осигурено лице

200 € во еден правец

 

Вид на превоз: авионски, или копнен, по избор на осигуреникот

 

Трошоци за превоз до Словенија во обата правци за придружба на осигуреното лице – член на семејство

200 € во еден правец

 

Вид на превоз: авионски, или копнен, по избор на осигуреникот

 

Трошоци за ноќевање

50 € по ноќевање.

 

Максимален престој еднаков со престојот на осигуреникот во болница

 

Осигурувањето на операции не обезбедува покритие за хируршки зафати во доменот на неврологија, малигни заболувања, пластична и реконструктивна хирургија, (освен во случаи на последици на несреќен случај), офталмолошки интервенции за подобрување на видот и стоматолошки интервенции (освен во случаи на а последици на несреќен случај).

КАРЕНЦА

Каренца е период, во кој што осигурувачот нема обврска да надоместува трошоци од осигурувањето, освен трошоците коишто се последица на несреќен случај/незгода, како и трошоците произлезени од итен медицински случај. За ова осигурување важи каренца од два месеци.

Како до покритие од ова осигурување (освен за итни операции)

  • Кога од страна на лекарот ќе се утврди потреба од оперативен зафат на осигуреникот, осигуреникот има обврска на е-маилот info.zdravje@triglav.mk да ја испрати скенирана целокупната оригинална здравствена документација, заедно со наодот од лекарот
  • Откако ќе се потврди и прифати осигурениот случај, Инфо-Здравје, во соработка со давателот на услугите, односно болницата со која Триглав Осигурување има склучено договор, и со осигуреникот одредува датум на извршување на операцијата
  • По одредување на датумот за операција, осигуреникот добива писмена потврда за согласност од страна на Триглав Осигурување, во која што е наведен датумот на оперативниот зафат и вкупната сума за оперативниот зафат.
  • Доколку осигуреникот одбере оперативниот зафат да биде извршен во установа со која што Триглав нема склучено договор, првиот чекор останува ист, односно, по утврдување на потребата за оперативен зафат од страна на лекарот осигуреникот има обврска на е-маилот info.zdravje@triglav.mk да ја испрати скенирана целокупната оригинална здравствена документација, заедно со наодот од страна на лекарот. Откако ќе се потврди и прифати осигурен случај, осигуреникот добива потврда. Во овој вид на потврда е наведена осигурената сума,која што ја покрива осигурувачот. По завршување на операцијата осигуреникот во потполност ги покрива трошоците во болницата, а потоа, во најкраток можен рок, поднесува барање за надомест на штета, придружено со сета потребна документација. Потврдата обезбедува информација за износот на трошоците кои што ги покрива осигурувачот за дадениот осигурен случај, односно колку средства ќе му бидат вратени на осигуреникот.
  • Осигурувањето важи исто така и на територија на Република Словенија, за операции, за кои што на територија на Република Македонија:
    - не постои соодветна медицинска процедура, неопходна за лекување, подобрување односно спречување ма влошување на здравјето на осигуреникот;
    - хируршкиот зафат го врши исклучиво само еден давател на здравствени услуги, без соодветни податоци за резултатите од истиот, поради кои што осигуреникот може да побара лекување надвор од Македонија, а осигурувачот да одобри;
    - хируршкиот зафат го врши “visiting doctor”;
    - на територија на Република Словенија постои напредна медицинска технологија која има значително повисок степен на успешност на хируршкиот зафат согласно меѓународните медицински стандарди, за што постојат соодветни податоци.
  • За изведување на операцијата на територија на Република Словенија, осигурувачот обезбедува асистенција преку Центарот за асистенција Инфо-Здравје.

ГОДИШНА ПРЕМИЈА

Годишната премија зависи од возраста на осигуреникот и може да се плаќа на еднакви месечни рати - до 12.

Возраст

Годишна премија за

осигурување на операции во зависност од возраст

0 – 18

2.920 денари

19 – 40

4.970 денари

41 – 50

8.550 денари

51 – 60

13.690 денари

61 – 65

16.750 денари

65 и повеќе

Премијата дополнително се одредува

 

Осигурувањето може да се склучи во индивидуална форма, или како семеен пакет, со што оваа премија се додава на премијата за специјалистичко вонболничко и болничко лекување. Цените се изразени согласно возраста и важат по лице, но доколку се склучи семеен пакет, каде што ќе бидат осигурени двајцата партнери, или самохран родител и нивното дете/деца до 14 години, за секое дете ќе се плати само доплаток во висина од 30% од годишната премија на родителот кој е во повисока возрасна категорија.

ПОПУСТИ

Дополнително, во рамките на семејниот пакет осигурениците добиваат попуст, кој што зависи од бројот на осигурени членови, поточно:

  • 9% за осигурување на два члена
  • 10% за осигурување на три членови
  • 11% за осигурување на четири, или повеќе членови

Останати поволности:

  • Попуст за непријавени штети: 5% годишно, 15% максимум
  • Попуст доколку се склучи осигурување со 20% франшиза: 10%
  • Попуст доколку се избере територијално покритие само за Република Македонија: 10%

Контакт центарот Инфо-здравје ви стои на располагање од 08 до16 часот за сите дополнителни информации и прашања, поврзани со услугите на Доброволното приватно здравствено осигурување.

 

Инфо-здравје врши закажување на прегледи, издава гаранции и посредува при комуникација со давателите на здравствени услуги со кои што Триглав Осигурување има воспоставено деловна соработка.

Партнери на Триглав Осигурување:

  1. ПЗУ Аџибадем Систина
  2. ПЗУ РЕ-МЕДИКА
    a. ПЗУ ПРИМА-МЕД
  3. ПЗУ НЕУРОМЕДИКА
  4. ПЗУ Специјализирана болница Жан Митрев
  5. ПЗУ Систина Офталмологија
  6. ПЗУ Дијагностика Фармахем


E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • 389 2 5102 231
  • 389 76 497 247 (Здравко Трпковски)
  • 389 75 484 211 (Митко Теохаров)“