start portlet menu bar

Личен и кариерен развој | Triglav.mk

Display portlet menu
end portlet menu bar
Образование и развој
Стабилност во вработувањето
Здравје и благосостојба на вработените
Грижа за најблиските
Создаваме можности за доживотно учење и континуиран професионален развој.
Образование

Континуирано ги унапредуваме знаењата и вештините на вработените преку интерни и екстерни обуки, овозможувајќи им да останат конкурентни и да придонесат за иновации и раст на организацијата.

Развој на раководители

Преку едукации и коучинг се грижиме за развојот на раководните лица со цел зајакнување на лидерските вештини, донесување стратешки одлуки и управување со тимови. На тој начин, нашите раководители ги добиваат алатките и знаењето потребни за успешно лидерство и мотивација на нивните соработници.

ТИБА (Triglav Меѓународна Бизнис Академија)

Ги препознаваме талентите во рамките на компанијата и им обезбедуваме можности за професионален раст и напредок, вклучувајќи ги во програмата TIBA (Triglav International Business Academy), како и финансиски поддржувајќи го нивното формално образование.

Поттикнување на иновативност

Свесни дека креативноста и новите идеи носат напредок и ја зголемуваат конкурентноста, ја развивме апликацијата Idea IN, преку која вработените можат да ги споделат своите идеи. Секоја идеја е внимателно разгледана, а најдобрите се наградени и имплементирани.

Секогаш сме тука за нашите вработени.
Надоместоци и наградување

Веруваме дека задоволните и мотивирани вработени се клучот за успех. Затоа нудиме конкурентни плати и транспарентен систем на надоместоци кои ги вреднуваат вештините, искуството и посветеноста.

  • Конкурентни плати – Професионално вреднување согласно индустриските стандарди.
  • Бонуси и стимулации – Дополнителни финансиски награди врз основа на перформанси и остварување на цели.
  • Јубилејни награди, регрес за годишен одмор, новогодишен надоместок, отпремнина за пензија, солидарна помош и други права утврдени со Колективен договор.
  • Поволни пакети за осигурувања.
Се грижиме за здравјето и благосостојбата на вработените.
Осигурување според поволни услови

Преку поволни пакети за доброволно здравствено осигурување, осигурување од незгода на вработените и нивните семејства и едукација за значењето на превентивните прегледи, ја поттикнуваме грижата за здравјето кај нашите вработени.

Систематски прегледи

Сите вработени согласно законска регулатива на период од 2 години се упатуваат на контролен здравствен преглед кој го покрива компанијата.

Клизно работно време

Можност за подобра организација на работниот ден.

Единици за одмор

Нудиме широк спектар на одморалишта по специјални цени за вработените и нивните семејства.

Програма Triglav.smo

Преку настани како „Поздрав на годишните времиња“, на кои секој вработен добива свежо сезонско овошје, потсетуваме на важноста од урамнотежена и здрава исхрана.

Општествена одговорност

Учество во општествено одговорни активности - Горди сме на нашиот придонес кон заедницата и сакаме да правиме добри дела.

Се грижиме за нашите вработени и нивните семејства, бидејќи на тој начин секој ден го носиме најдоброто на работа.
Финансиска помош

Нашата компанија покажува искрена грижа и поддршка за вработените во предизвикувачки семејни околности, обезбедувајќи финансиска помош во тешки животни моменти. Без разлика дали се работи за здравствени проблеми, загуба во семејството или други значајни предизвици, се стремиме да понудиме стабилност и сигурност кога е најпотребно.

Поволностите може да варираат помеѓу поединечните компании во Групацијата Триглав. Се стремиме да им обезбедиме на вработените во различни средини најдобри решенија, прилагодени на нивните потреби.