Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

FITKIT ACTIVE – ПАКЕТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ


 

Дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате одлично после вежбање? Вежбањето не е успешно само во борба против масните наслаги, тоа е превенција за многубројни здравствени проблеми. Со редовната физичка активност, во комбинација со здрава храна и квалитетен сон, избегнувате многубројни здравствени проблеми, имате повеќе енергија, го одржувате оптималното здравје и полесно и побрзо преболувате одредени болести, а несомнено влијае и на расположението.
 

Имајќи го сето ова предвид, ве поттикнуваме да направите нешто повеќе за себе. Триглав, покрај осигурувањето во доменот на здравствена заштита, ви обезбедува пристап до алатка, која што ви овозможува да направите нешто повеќе за вашето здравје. Осигурете го вашето здравје, а ние ќе ви обезбедиме FitKit Active пакет, кој што ви овозможува пристап до мобилната апликација FitKit.
 

FitKit ви нуди избор на повеќе од 150 локации во 13 града во земјата, каде можете да вежбате она што најмногу ви одговара во моментот, да посетите базен или спа центар, или пак да закажете масажа. Едноставно, направете резервација на онаа локација, која што во моментот ви одговара, во времето кое вам ви одговара. Апликацијата исто така ви нуди и можност да следите совети и насоките за вежбање, сé со цел да бидете што поздрави.

ШТО ВКЛУЧУВА ПАКЕТОТ FITKIT ACTIVE И ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ

Доколку склучите договор, или ја обновите вашата полиса за доброволно приватно здравствено осигурување, Триглав ви обезбедува 24 бесплатни кредити за користење на услугите на FitKit. Кредитите ви се на располагање во времетраење од една година, а треба да се искористат во рок од еден месец од активирањето на услугата. Услугите кои ги нуди Фит Кит се движат во опсег од два до осум кредити.
 

Услугата е наменета за полнолетни лица осигуреници на индивидуално и семејно доброволно приватно здравствено осигурување.
 

Во случај на семејно осигурување со двајца партнери/родители, на семејството му се доделуваат 48 кредити. Исклучок се полнолетни лица кои се осигурени во својство на деца преку семејното осигурување, за кои не следат кредити.
 

Доколку по искористување на бесплатните кредити сакате да продолжите со користењето на апликацијата, имате 20% попуст на претплатите за услугите на FitKit.
 

FitKit апликацијата е достапна на Play Store и AppStore.
 

По склучување, односно обнова на полисата за доброволно приватно здравствено осигурување, ќе бидете контактирани од страна на FitKit, при што ќе ви бидат доставени сите потребни информации за активирање на услугата.
 

 

Сега е вистинско време да направите нешто повеќе за себе!