Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на малигни заболувања

Пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување, покрај специјалистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции, вклучува и покритие за малигни заболувања. Со ова осигурување, пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав ги опфаќа сите заболувања кои најчесто го загрозуваат животот.
 

ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ?

Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.

Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа.

Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист.

Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија. 

Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за  психијатриски услуги.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ ПРОИЗВОД И КАКО ДО НЕГО?

Овој производ е наменет за индивидуални и семејни корисници, кои сакаат да склучат договор за доброволно приватно здравствено осигурување.

Осигурувањето од малигни заболувања можете да го добиете како дополнително покритие во рамките  осигурувањето на операции, а износот на доплатокот зависи од видот на осигурување и тоа:

  • Кај семејно осигурување доплатокот изнесува 20% од основното осигурување на операции, по осигурено лице.
  • Кај индивидуално осигурување доплатокот изнесува 30% од основното осигурување на операции.

Доколку сте веќе корисник на нашиот пакет за врвна здравствена нега, информирајте се кај вашиот агент за можноста да го вклучите и ова покритие.


ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБЕН ОВОЈ ПРОИЗВОД?


Здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба. Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.

Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.