Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

ОСИГУРУВАЊЕ НА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ВОНБОЛНИЧКО И БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи, во случај на здравствени проблеми потребен ни е сигурен партнер.  

Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени  услуги, со кое што ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

 

Затоа, изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Триглав Осигурување нуди можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет, осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување.

 

Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ОСИГУРЕНИК

Корисник на доброволното приватно здравствено осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување.

 

Децата, поточно лицата помлади од 18 години, можат да се осигурат единствено на иста полиса со родителот.

ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ

Покритие

Осигурена сума

Франшиза

Специјалистичко вонболничко лекување:

  • специјалистички преглед
  • трошоци за домашна посета во итни медицински случаи
  • дијагностички методи, лабораториски испитувања, тестови и анализи
  • трошоци за дневна болница
  • едноставни амбулантни зафати

 

до 10.000 €

БЕЗ ФРАНШИЗА

 

 

Психијатриски услуги поради:

  • физичко малтретирање
  • силување
  • смрт на член на семејството
  • дијагностицирање на малигно заболување

Подлимит до 300 €

Превоз со санитетско возило

 

Болничко лекување

подлимит до 3.000 €

Трошоци за сместување на родителот кога дете до 14 години ќе биде задржано на болничко лекување
Второ мислење во случај на дијагностицирано малигно заболување
Цревни инфекциски болести за деца до 14 години

 

Лекови на розев рецепт

подлимит до 300 €

 

Амбулантна рехабилитација

подлимит до 300 €

Грип и акутни инфекции на горни дишни патишта

30% во секоја штета

 

За покритијата кои што не содржат подлимит важи осигурената сума од 10.000 €.

 

Во случај на дијагностицирање на новонастаната болест, состојба, или повреда, осигуреникот има право на најмногу 3 специјалистички вонболнички и болнички лекувања во текот на една осигурителна година за дадената состојба.

КАРЕНЦА

Каренца е период, во кој што осигурувачот нема обврска да надоместува трошоци од осигурувањето, освен трошоците коишто се последица на несреќен случај/незгода, како и трошоците произлезени од итен медицински случај. За ова осигурување важи каренца од два месеци.

ГОДИШНА ПРЕМИЈА

Годишната премија за ова осигурување зависи од возраста на осигуреникот и истата може да се плаќа и до 12 месечни рати.

Возраст

Годишна премија за

осигурување на вонболничко и болничко лекување

0 – 18

6.820 денари

19 – 40

8.240 денари

41 – 50

10.970 денари

51 – 60

14.325 денари

61 – 65

19.055 денари

65 и повеќе

Премијата дополнително се одредува

 

Осигурувањето може да се склучи во индивидуална форма, или како семеен пакет. Цените се изразени согласно возраста и важат по лице, но доколку се склучи семеен пакет, каде што ќе бидат осигурени двајцата партнери, или самохран родител, и нивното дете/деца до 14 години, за секое дете се плаќа само доплаток во висина од 30% од годишната премија за родителот кој е во повисоката возрасна категорија.

ПОПУСТИ

Дополнително, во рамките на семејниот пакет осигурениците добиваат попуст, кој што зависи од бројот на осигурени членови, поточно:

  • 9% за осигурување на два члена
  • 10% за осигурување на три членови
  • 11% за осигурување на четири, или повеќе членови

Останати поволности:

  • Попуст за непријавени штети: 5% годишно, 15% максимум
  • Попуст доколку се склучи осигурување со 20% франшиза: 10%

 

Обезбедете си целосна заштита и дополнете го вашето покритие со осигурување на операции.

 

Контакт центарот Инфо-здравје ви стои на располагање од 08 до16 часот за сите дополнителни информации и прашања, поврзани со услугите на Доброволното приватно здравствено осигурување.

 

Инфо-здравје врши закажување на прегледи, издава гаранции и посредува при комуникација со давателите на здравствени услуги со кои што Триглав Осигурување има воспоставено деловна соработка.

 

Партнери на Триглав Осигурување:

  1. ПЗУ Аџибадем Систина
  2. ПЗУ РЕ-МЕДИКА
    a.    ПЗУ ПРИМА-МЕД
  3. ПЗУ НЕУРОМЕДИКА
  4. ПЗУ Специјализирана болница Жан Митрев
  5. ПЗУ Систина Офталмологија
  6. ПЗУ Дијагностика Фармахем


E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • 389 2 5102 231
  • 389 76 497 247 (Здравко Трпковски)
  • 389 75 484 211 (Митко Теохаров)