Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Триглав SOS пакет за здравствено осигурување

SOS пакетот е ново решение за здравствена заштита во рамките на доброволното приватно здравствено осигурување на Триглав, коешто обезбедува покритие за операции и тешки болести.

 

КОЈ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТИ ТРИГЛАВ SOS ПАКЕТОТ

SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение за здравствена заштита за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци.

 

*Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60 годишна возраст.

 

ШТО ВКЛУЧУВА ТРИГЛАВ SOS ПАКЕТОТ

SOS пакетот е дополнување на понудата за доброволно приватно здравствено осигурување и ги покрива трошоците за операции и тешки болести.

 

Осигурувањето на операции ги опфаќа сите оперативни зафати освен малигните заболувања, хируршките зафати во доменот на неврологија, пластична и реконструктивна хирургија (освен во случаи на последици на несреќен случај), офталмолошки интервенции за подобрување на видот, стоматолошки интервенции (освен во случаи на последици на несреќен случај), како и оперативните зафати опфатени во покритието за тешките болести.

 

Оперативните зафати можат да се изведат во Република Северна Македонија и во Република Словенија.

 

Доколку осигуреникот избере оперативниот зафат да биде изведен во Словенија, а притоа операцијата може да се изведе и локално, во тој случај се покриваат само трошоците за оперативниот зафат.

 

Доколку изборот на осигуреникот е оперативниот зафат да биде изведен во Словенија, а притоа нема можност да се изврши таков зафат во Р. Северна Македонија, покрај трошоците за оперативниот зафат,  се покриваат и патни трошоци до 200 евра во еден правец до Република Словенија за осигуреникот и придружникот, како и трошоци за сместување на придружникот до 50 евра по ноќевање.

 

Тешки болести, опфатени со ова осигурување се:

  • мозочен удар,
  • бениген тумор на мозокот,
  • парализа;
  • Алцхајмерова болест,
  • кома,
  • трансплантација на органи,
  • хронично заболување на бубрезите,
  • мултиплекс склероза,
  • Паркинсова болест,
  • епилепсија,
  • хронично заболување на бели дробови,
  • белодробна туберкулоза,
  • детска парализа,
  • аневризма на мозочни артерии,
  • апластична анемија со тежок облик на откажување на коскената срцевина, мијастенија гравис,
  • тешки повреди на ‘рбетен столб,
  • малиген тумор,
  • срцев инфаркт,
  • заболување на срцето кое резултира со операција на коронарни артерии,
  • заболување на аорта (аневризма),
  • замена на срцеви залистоци.

 

ПРЕМИЈА И ОСИГУРЕНА СУМА

Премијата за овој пакет изнесува 7 400 денари за целокупното времетраење на осигурувањето, а договорот се склучува на една година.

 

SOS пакетот обезбедува покритие за операции до 10 000 евра, со подлимит од 5 000 евра за тешки болести, којшто еднократно се исплаќа.

 

Покритието во делот на операции важи кога операциите се последица на новонастаната состојба. Средствата се исплаќаат директно кон здравствената установа, доколку интервенцијата е однапред најавена во центарот Инфо-здравје, или пак по пат на рефундација на средства на осигуреникот, кога интервенцијата  не е најавена во центарот.

 

Триглав исплаќа еднократен износ од сумата за осигурување на тешки болести, при дијагностицирање на тешката болест по прв пат. Еднократниот надомест изнесува 100% од осигурената сума на годишно ниво. Осигуреникот има право на еден надомест по состојба за времетраење на покритието, без разлика дали истата се повторува.

 

ПОВОЛНОСТИ

  • условите на осигурување не зависат од возраста на осигуреникот;
  • можност за оперативен зафат во Република Словенија;
  • можност за склучување на осигурување на операции, без притоа осигуреникот да се осигурува од специјалистичко вонболничко и болничко лекување, односно без дополнителни трошоци;
  • директно покривање на трошоците кон приватните здравствени установи (со претходна најава во Триглав Осигурување, на infozdravje@triglav.mk);
  • можност за плаќање до 12 рати;
  • за еднократно плаќање следи 10% попуст на годишната премија.

 

ПРИЕМ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, КАРЕНЦА И ФРАНШИЗА

Приемот во осигурување се прави со достава на прашалник и историја на пациент од матичен лекар на осигурениците.

 

При склучување на полиса за осигурување во првата година е предвидена каренца, т.е.  период во кој осигуреникот нема право на надомест на штета за состојби кои ќе настанат или за кои е започнато лекувањето во тој период од два месеци за ризикот операции и три месеци за ризикот тешки болести.

 

Франшиза се применува само кај осигурувањето на операции, за состојби, коишто се јавуваат како последица на заболувања од горни дишни патишта. Франшизата е задолжителна и изнесува 30% од трошоците за оперативниот зафат.

 

E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • 389 2 5102 106
  • 389 2 5102 108

 

*Осигуреник може да биде само лице кое има утврден статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување согласно со Законот за здравствено осигурување. Исклучок се лица-странски државјани кои не се опфатени во системот на задолжително здравствено осигурување.