Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

АМ Best ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

19. 10. 2020

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, при редовниот годишен преглед, на Заваровалница Триглав и на Позаваровалница Триглав РЕ повторно им ги потврди бонитетната оценка »A« (одлично) за финансиска моќ и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза, и се одраз на очекувањата на агенцијата, Триглав среднорочно да го зачува доброто работење, својата силна финансиска позиција и водечката пазарна улога во Словенија и во регионот, каде што Групацијата е присутна.

 

AM Best ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу силна, а работењето како стабилно, влијанието на деловниот профил врз кредитниот рејтинг како неутрален, влијанието на мнозинската сопственост како неутрално и управувањето на ризици како соодветно со оглед на комплексноста и обемот на нејзиното работење.  При потврдувањето на високата бонитетна оценка на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата го нагласи нејзиното стратешко значење како реосигурител на сите друштва на Групацијата Триглав и нејзината добра интегрираност во групацијата.

 

Оценката за многу силна финансиска позиција се темели врз капитализираноста на Групацијата Триглав, прилагодена на ризиците, и е на најсилното ниво. Групацијата во портфолиото на осигурувањата на живот ја намалува изложеноста на продуктот со гарантирано враќање на приносот, со што дополнително го подобри своето управување на средства и обврски. Одговорно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници.

 

Агенцијата ги нагласува добрите деловни резултати на Триглав во последните години, кои што, по нејзина оценка, потекнуваат од одличниот осигурително-техничкиот резултат на неживотните осигурувања на домашниот пазар и соодветните приноси од инвестициите. Триглав на високо конкурентните пазари вон Словенија постојано го зголемува својот обем на понуди, го подобрува деловното работење и активно бара поекономични дополнителни продажни канали. Агенцијата ја истакнува предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав, преку своите друштва, на глобално ниво нуди осигурителни и реосигурителни услуги, што води до добро диверзифицирано портфолио во поглед на услуги и продукти, но и од географски аспект.

 

 

 

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претстаници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, авомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

 

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

 

 

 

Сподели на:
Share on Google+