Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Политика за управување со квалитет

 

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ НА

ДРУШТВОТО ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ

 

            

  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ  изјавува дека главната цел на раководството и сите вработени е давање на квалитетни услуги на своите клиенти што е во согласност со нормативните барања, стандардите и прописите од областа на осигурувањето.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ поставува цели за постојан развој и усовршување на своите производи и услуги во сите класи од неживотното осигурување, навремено и со најоптимални цени. Постигнување на овие цели води до исполнување и надминување на потребите, желбите и очекувањата на нашите клиенти, што е наша основна задача.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на преземените ангажмани. Континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел тие да се користат за подобрување на услугите.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтересирани страни (клиенти, акционери, добавувачи, соработници, вработени и други) со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ  вработува и се стреми да одржува тим од висококвалификувани и мотивирани работници и води сметка за одржување на пријатен работен амбиент.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ  изведува континуиранa обука и едукација на вработените како основна поддршка за управување со процесите и исполнување на барањата на клиентите.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ ќе го поддржува и континуирано подобрува Системот за управување со квалитет  во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 преку јасно дефинирање на своите цели и начинот на нивно исполнување. Сите вработени се вклучени во процесот на остварување на поставените цели.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ  се  стреми за идентификување на ризиците и преземање на соодветни корективни мерки за нивно намалување или отстранување, за постојано унапредување на квалитетот на услугите коишто ги нуди.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ се стреми кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата од законската регулатива, заштита на работната и на животната средина, заштита на здравјето и безбедноста на вработените и сите заинтересирани страни.
  • ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ А,Д, СКОПЈЕ врши редовно преиспитување на системот за управување со квалитет, собирање, евидентирање и анализа на податоци кои се значајни за подобрување и унапредување на сите работни процеси.