Донесете вистинска одлука за вашето здравје

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита.

Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени  услуги, со кое што ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

 

Затоа, изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Триглав Осигурување нуди можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет.



Едноставно и брзо до дијагноза и подобро здравје
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ВОНБОЛНИЧКО И БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ
Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита. Притоа трошоците не смеат да бидат пречка да си ја овозможиме врвната здравствена грижа што ја заслужуваме.
ОПЕРАЦИИ
ОСИГУРУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИИ
Осигурувањето на операции е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување и со него обезбедувате помош и поддршка во најстресните моменти во животот.
МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
ОСИГУРУВАЊЕ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.
ПАКЕТ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ
SOS ПАКЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
SOS пакетот е ново решение за здравствена заштита во рамките на доброволното приватно здравствено осигурување на Триглав, коешто обезбедува покритие за операции и тешки болести.
ПАКЕТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ
ФИТ КИТ ПАКЕТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ
Доколку склучите договор, или ја обновите вашата полиса за доброволно приватно здравствено осигурување, Триглав ви обезбедува 24 бесплатни кредити за користење на услугите на FitKit.
ПОКРИТИЕ ВО ТЕШКИ МОМЕНТИ
ТЕШКИ БОЛЕСТИ
Осигурајте се од 22 тешки болести и во најтешки моменти обезбедете си еднократен финансиски надомест.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Во кои здравствени установи можам да се лекувам со полисата за приватно здравствено осигурување?

Можете да се лекувате во сите приватни здравствени установи кои имаат дозвола за работа, издадена од Министерството за здравство.

Во кој случај се покриени трошоци за прихијатриски услуги?

Трошоците за психијатриски услуги се покриени ако настане еден од овие 4 ризици: физичко малтретирање, силување, смрт на член на семејство (под член на семејство се смета брачен/вонбрачен партнер и деца) и дијагностицирано малигно заболување.

Дали доброволното приватно здравствено осигурување важи и надвор од границите на Република Северна Македонија?

Доброволното приватно здравствено осигурување важи и ги покрива трошоците што ќе настанат во приватните здравствени установи во рамките на територија на Република Северна Македонија. Исклучок се операциите, кога оперативниот зафат може да се изврши во Република Словенија, доколку осигуреникот сам го побара тоа.

Дали е потребно да имам упат од матичен лекар за да можам да ги користам услугите на доброволно приватно здравствено осигурување?

Не е потребно да имате упат од матичен доктор за да ги користите услугите од доброволното приватно здравствено осигурување.  Доколку се јави причина за лекување, обратете се директно во приватна здравствена установа.

Дали има рок за пријавување на штета и колкав е тој рок?

Рокот за пријавување на штета е до 90 дена од настанот. Штетата може да се пријави преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, без обврска за достава на оригинална документација, којашто треба да се прати во енкриптирана форма.

Дали малигните заболувања се покриени со полисата за доброволно приватно здравствено осигурување?

Доколку однапред се договори, малигните заболувања можат да бидат покриени со осигурувањето. Покритието се однесува на комплетна дијагностика, второ мислење, психијатриски услуги, оперативен зафат, хемо и радиотерапија, постоперативни помагала, како и пластична и реконструктивна хирургија како резултат на излекувано малигно заболување.

Дали се признаваат трошоци во јавно здравство?

Осигурувањето покрива трошоци кои ќе настанат само во приватни здравствени установи. Тоа не ги покрива трошоците на име учество со лични парични средства (партиципација) при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување.

Дали се признаваат трошоци за лекување на вродени состојби за кои осигуреникот не знел дека ги има?

Согласно Општите услови за осигурување вродените состојби се исклучени и поради тоа овие трошоци не се признаваат, без разлика дали осигуреникот знаел за нив или не.

Дали се признаваат трошоци за редовен преглед или терапија?

Осигурувањето не нуди покритие за редовни, превентивни здравствени прегледи, како и самоиницијативно следење на состојба, испитување, дијагностика и здравствена нега.


Дали се признаваат трошоци за физикална терапија?

Трошоците за физикална терапија се признаваат ако се во рамките на лекување и ако за истите има препорака од доктор специјалист од соодветна област. Трошоците се признаваат до висина на лимитот наведен на полисата за осигурување и доколку се изведат во приватна здравствена установа којашто има дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.

Дали се признати лабораториски испитувања по препорака на матичен лекар?

Лабораториски испитувања се признати само во случај ако истите се во рамките на некое лекување и се наведени во медицинскиот извештај од специјалистичкиот преглед, како дополнително испитување, со цел поставување дијагноза.

Дали се признати трошоци за лекови и кои лекови се признати?

Признати се лекови за кои што има одобрение за пуштање на лекови во промет согласно законската регулатива и кои што се регистрирани како лек во Централниот регистар на лекови во Република Северна Македонија.

Дали треба да се најавам во Инфо-здравје центарот, пред да се обратам во приватната здравствена установа?

Не е потребно да се најавите во Инфо-Здравје центарот за да користите услуги во приватната здравствена установа. Доколку се јави причина за лекување, директно јавете се во приватната здравствена установа.

Како се постапува при итен случај, дали треба најава?

Доколку се јави итен случај, осигуреникот, директно, без претходна најава во Триглав Осигурување, се обраќа во најблиската приватна здравствена установа. Доколку не е задржан на болничко лекување, осигуреникот поднесува барање за рефундирање на средства. Доколку се задржи за болничко лекување или операција, тогаш приватната здравствена установа го информира Триглав и по службен пат се доставува целата документација, со цел навремено (пред да биде пуштен од болница осигуреникот) да се испрати потврда за трошоците до ПЗУ.

Како се прави рефундација на средства и која документација е потребна?

Штетите, што се поднесуваат за рефундација, се пријавуваат целосно преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, скенирани и во енкриптирана форма. Потребно е да се испрати целокупната медицинска документација поврзана со лекувањето, пријава за штета (достапна на www.triglav.mk), доказ за извршено плаќање и копија од трансакциска сметка на осигуреникот.

Што е ИНФО-ЗДРАВЈЕ?

Инфо-здравје е асистентски центар, кој што на осигуреникот му обезбедува информации за осигурувањето и давателите на здравствени услуги, посредува при закажување на термини и врши најава кај давателите на здравствени услуги.

Асистентскиот центар е достапен е секој работен ден од 08:00-20:00 часот на телефонските броеви: +389 (2) 5102 222 и 0800 02222 или на е-маил адресата info.zdravje@triglav.mk.

Што ми покрива полисата за доброволно приватно здравствено осигурување и кога можам да ја користам?

Полисата за доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците за лекување, кои ќе настанат во рамки на покритието, кај доктор специјалист во приватните здравствени установи. Можете да ја користите полисата доколку се јави причина за лекување, односно доколку имате здравствени потешкотии, знаци на болести, или симптоми.

Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете