Со редовната физичка активност, во комбинација со здрава храна и квалитетен сон, избегнувате многубројни здравствени проблеми, имате повеќе енергија, го одржувате оптималното здравје и полесно и побрзо преболувате одредени болести, а несомнено влијае и на расположението.
Имајќи го сето ова предвид, ве поттикнуваме да направите нешто повеќе за себе. Триглав, покрај осигурувањето во доменот на здравствена заштита, ви обезбедува пристап до алатка, која што ви овозможува да направите нешто повеќе за вашето здравје. Осигурете го вашето здравје, а ние ќе ви обезбедиме FitKit Active пакет, кој што ви овозможува пристап до мобилната апликација FitKit.
FitKit ви нуди избор на повеќе од 150 локации во 13 града во земјата, каде можете да вежбате она што најмногу ви одговара во моментот, да посетите базен или спа центар, или пак да закажете масажа. Едноставно, направете резервација на онаа локација, која што во моментот ви одговара, во времето кое вам ви одговара. Апликацијата исто така ви нуди и можност да следите совети и насоките за вежбање, сé со цел да бидете што поздрави.