Да направиме промена, да се грижиме за здравјето и за природата
Сите зборуваат дека поминуваат часови заглавени во сообраќајниот метеж. Зборуваат за загадениот воздух и дека треба конечно да направат нешто за своето здравје. Ние одлучивме да преземеме конкретни чекори. За нас, и за нашите партнери.
Поттикнати од потребата за почиста животна средина, намалување на штетните емисии, како и заложбите за одржлив развој, одлучивме да бидеме дел од промената, да практикуваме здрави навики и да ги замениме нашите автомобили со пешачење или возење велосипед како до работното место, така и во слободното време.
Во соработка со Challenger, ја воведовме Триглав зелена лига, заеднички предизвик за заштеда на 365
тони на емисии на CO2, кој што со нашите вработени и клиентите на доброволно здравствено осигурување, кои што го прифатија предизвикот, ќе се обидеме да го реализираме во рок од една година.
Секој месец ги наградуваме поединците, кои постигнале најдобри резултати во изминатиот месец, а главната награда ќе ја добие тимот, кој ќе има најголем придонес во реализација на предизвикот.
Прва лига, нели? Уште подобро. Триглав зелена лига!
Како да се приклучите на предизвикот
Доколку твојата компанија е дел од Триглав зелена лига, инсталирај ја Challenger апликацијата, регистрирај се со својот компаниски e-mail и следи ги твоите активности и CO2 заштеди.
Упатствaта за инсталирање на апликацијата на мобилен телефон можеш да ги најдеш на Challenger за Android и Challenger за iOS.
Aпликацијата можеш да ја најдеш на Google Play и App Store.
Направи промена. Триглав зелена лига ти помага да бидеш во форма, да го подобриш здравјето и да ја чуваш природата.
Напомена: Еден поединец неможе да добие награда за Еко-херој повеќе од 3 пати во текот на годината.