Приклучете се на тимот на Триглав

Аплицирајте за позицијата Business analyst (Проектант аналитичар) во Триглав Осигурување АД, Скопје.

Потребни квалификации и искуство:

  • Напредно познавање на Т-SQL и администрација SQL Server;
  • Напредно познавање и искуство во работа со (C#, .NET, JSON, JavaScript);
  • Познавање на технологии за web и мобилни апликации;
  • Искуство во имплементација на проекти;
  • Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока.

 Природата на работното место и на работните задачи подразбира активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.

 

Работни задачи и одговорности:

  • Анализа на барања на корисниците за промена на апликативното решение, соработка во дефинирање на барањата за промена и соработка во тестирање и имплементација на промените;
  • Координација на барањата, следење на реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
  • Соработка во развој на технологии на работа и креирање на технолошки процеси и процедури со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија;
  • Советување и поддршка на корисниците за развој и користење на програмски решенија;
  • Подготовка на техничка и корисничка документација за работа на апликативната програмска опрема;
  • Изработка на упатства и извештаи од подрачјето на работа;
  • Соработка во проектни и работни групи за имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групација Триглав.

 

Работното место е во седиштето на Триглав Осигурување во Скопје, со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.

Аплицирајте преку следниот линк https://triglav.secure.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000JNK3f , не подоцна од 23.04.2023 година.

Кандидатите, кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат повикани на интервју.