Če želite povezati spletno vsebino, dodajte vsebino v področje spletnega mesta "triglav.mk/Glavne vsebine/Корисно/Мобилни апликации/Триглав Пријава" ali pa uporabite pogovorno okno Vsebinska točka ali način Urejanje skupnih nastavitev v Prikazovalniku spletne vsebine in izberite vsebino za prikaz. Seznanite se z nastavitvami vsebine

Функционалности на Триглав Пријава

Заштедете време и поднесете каско пријава на штета преку апликацијата Триглав Пријава. Поедноставете го и забрзајте го целиот процес. Користете ја апликацијата и обезбедете ги потребните податоци и фотографии. Без формулари и посети на осигурителот, следете ги упатствата што ги обезбедува апликацијата и поднесете ја вашата пријава како вам ви одговара.
Триглав пријава на штета

Пред отпочнување на постапката за пријава на штета потребно е со вас да ги обезбедите следните документи: сообраќајна дозвола за возилото; возачка дозвола од лицето кое го управувало возилото (со исклучок на возило во мирување); Европски Извештај (доколку истиот е пополнет); како и Вашето возило со цел да се направат фотографии од оштетувањата на истото (или претходно да го фотографирате возилото и оштетувањата на истото и овие фотографии да ги прикачите преку апликацијата).

Најава на апликација

Со цел да се најавите на апликацијата и да пријавите штета потребно е да внесете број на шасија или број на осигурителна полиса.

Податоци за осигуреникот

Основни податоци за возачот на возилото кој може да биде осигуреникот или друго лице. Во случај кога возилото е управувано од друго лице, потребно е да се пополнат податоци за возачот на возилото во моментот на настанување на штета.

Обработка на лични податоци

За пријавување на штета задолжително треба да дадете согласност за обработка на лични податоци.

Документација за пријава на штета

Фотографирајте ги вашите документи (лична карта и сообраќајна) исклучиво преку апликацијата со прикривање на биометрискиот податок (сликата).

Фотографии од возилото

Фотографирајте го вашето возило од сите 4 страни согласно инструкциите. Погрижете се оштетените делови да бидат видливи на фотографиите.

Важни услови

По пријава на штетата осигуреникот не смее да го поправи возилото, без претходно да изврши увид проценител на Триглав. Во спротивно осигурувачот го задржува правото да го одбие барањето за надомест на штета. Корисникот одговара за точност и валидност на поднесените податоците, во спротивно осигурувачот го задржува правото да го одбие барањето за надомест на штета.