Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Винкулација

22. 7. 2016

Винкулација е документ со кој што се врши условување на сопственичкото право кај хартии од вредност (полиси за осигурување) од страна на заложниот доверител. Документот се дава во форма на изјава за винкулација, со која што се пренесуваат (винкулираат) правата на сопственикот на предметот на осигурување, во корист на заложниот доверител – винкулантот. Винкулацијата најчесто се користи кога предметот на осигурување (автомобил,недвижност, опрема и сл.) е заложен во корист на Банка. Со оваа изјава заложниот доверител (Банката) добива првенствена улога при исплата на штета, бидејќи правата по полисата се пренесени во негoва корист. Доколку заложниот доверител (Банката) се согласи, тогаш средствата од надоместот на штета можат да бидат исплатени во корист на осигуреникот.

Се поврзува со:
Share on Google+