Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

НАГРАДНА ИГРА карантWin

Наградна игра КарантWin


Се наоѓате во изолација? Не излегувате од дома почитувајќи ја социјалната дистанца? Седењето дома ви е потешко, отколку што мислевте? Триглав ве поттикнува и ве поддржува да издржите, а за стимул ве предизвикува да земете учество во наградната игра карантWin.

НА КОЈ НАЧИН МОЖЕTE ДА УЧЕСТУВАТЕ

Сè што треба да направите е да ја преземете мобилната апликација карантWin од електронската платформа Google Play Store, да ги следите правилата на играта и имате можност да добиете награда.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА

Учесници во играта можат да бидат лица постари од 18 години, но и малолетни лица, со задолжителна достава на писмена согласност од родител/старател, во кое било време во текот на времетраењето на играта, на е-адресата karantwin@triglav.mk, или по извршеното извлекување во рок од 7 дена.

ШТО Е ЗАДАЧАТА

Правилата се едноставни, останете на вашата локација 14 дена без прекин, со толеранција на движење од 100 метри. Доколку сте дома подолго и остварите неколку кругови по 14 дена,  тогаш вашата шанса за добивка се зголемува. Колку помалку излегувате, имате повеќе шанси да добиете награда.

 

Во случај да го напуштите радиусот од 100 метри, ќе добиете известување дека сте го напуштиле дозволениот радиус  на движење, а играта ќе се рестартира по враќањето на вашата регистрирана локација.

НАГРАДИ И ИЗВЛЕКУВАЊЕ

Во времетраењето на играта ќе се извршат три извлекувања, притоа во првите две ќе се извлечат по 10 добитници на награди, додека во третото извлекување ќе се извлечат 15 добитници. Наградите ќе бидат извлечени на следниот начин:

 

Во првото извлекување учество ќе земат сите учесници, кои успешно го завршиле предизвикот во периодот од 25.04.2020 – 24.05.2020.

 

Првото извлекување ќе се одржи на ден 25.05.2020 година, кога ќе се доделат следните награди:
  • 5 парични награди, секоја во износ од 10.000 денари,
  • 5 ваучери за осигурување, секој во износ од 6.000 денари (за сите производи на Триглав Осигурување, со исклучок на осигурување од автомобилска одговорност и зелена карта).

Добитниците ќе бидат објавени на ден 26.05.2020 година на веб страната на Триглав Осигурување и во весникот Слободен печат.

 

Во второто извлекување учество ќе земат сите учесници, кои успешно го завршиле предизвикот во периодот од 25.04.2020 – 24.06.2020.

 

Второто извлекување ќе биде изведено на ден 25.06.2020 година, кога ќе се доделат следните награди:
  • 5 парични награди, секоја во износ од 10.000 денари,
  • 5 ваучери за осигурување, секој во износ од 6.000 денари (за сите производи на Триглав Осигурување, со исклучок на осигурување од автомобилска одговорност и зелена карта).

Добитниците од второто извлекување ќе бидат објавени на ден 26.06.2020 година на веб страната на Триглав Осигурување и во весникот Слободен печат.

 

Во третото, главно извлекување учество ќе земат сите учесници, кои успешно го завршиле предизвикот од почетокот на наградната игра, односно во периодот од 25.04.2020 – 24.07.2020.

 

Третото извлекување ќе се одржи на ден 27.07.2020 година, кога ќе се доделат следните награди:
  • 5 парични награди во износ од 30.000 денари,
  • 10 ваучери за осигурување, секој во износ од 10.000 денари (за сите производи на Триглав Осигурување, со исклучок на осигурување од автомобилска одговорност и зелена карта).
Добитниците од главното извлекување ќе бидат објавени на ден 28.07.2020 година на веб страната на Триглав Осигурување и во весникот Слободен печат.


 

Прво извлекување
Второ извлекување
Трето главно извлекување
 
ДОБИТНИЦИ ТРЕТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ

 

 

ПРЕЗЕМАЊЕ НАГРАДИ

Секој добитник е должен во рок од 7 дена од известувањето за добивањето на наградата, на е-адресата karantwin@triglav.mk да ги испрати следните податоци: име и презиме и адреса на постојан престој, а доколку е потребно и неговиот матичен број.

 

Наградните ваучери на добитниците ќе бидат доставени по пошта на нивна адреса.

 

Наградите што не се парични не е можно да се заменат за пари во готовина, или некоја друга награда и не е можен пренос на наградата на трети лица.

 

За преземање на паричните награди секој добитник треба да потпише изјава, која што ќе му биде испратена по електронски пат и истата потпишана треба да биде вратена во седиштето на Триглав Осигурување во рок од 7 дена.

 

ПРАВИЛА НА ИГРАТА
RREGULLAT E LOJËS



 


Преземете ја карантWin мобилната апликација