Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на гуми

Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, Ви нуди осигурување на гуми во рамките на кое добивате 24 - часовна асистенција во Македонија и во Европа. Ова осигурување ве заштитува од трошоци за штети при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот, со исклучок на штети предизвикани при сообраќајна незгода.
 

 

 

Договорувач на ова осигурување е Мотоцентар, којшто е овластен увозник и дистрибутер на најпознатите светски реномирани брендови на гуми. Повеќе информации за продажните места и типовите на гуми, со кои што располага нашиот партнер, можете да најдете овде.
 

Осигурувањето на гуми е наменето за правни и физички лица, при купување на нови гуми за патничко возило, не потешко од 3,5 тони, наменети за поставување на иста осовина.

ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ ?

Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:

  • Помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото;
  • Набавка на нова гума; висината на учество се пресметува согласно табелата за амортизација и истрошеност на оштетената гума;
  • Демонтажа и монтажа на гума на тркала;
  • Нов тубелес вентил;
  • Обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз за патниците, до најблискиот сервис;
  • Чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време;

Во случај на недостапност на модел на гума за замена, осигурувањето ги покрива трошоците за две нови гуми.

Учеството во набавка на нови гуми се пресметува во зависност од степенот на истрошеност на гумата, согласно табелата:
 

истрошеност на шарите на гумата

франшиза

0% - 25%

0%

25,1% - 50%

25%

50,1% - 75%

50%

75,1% - 90%

80%

90,1% - 100%

100%

Највисокиот надомест по гума, којшто го обезбедува Триглав Осигурување, изнесува 300 евра.


Во случај на осигурен случај, задолжително е пријавувањето во асистентскиот центар

  • Доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 24 322 или на телефонски број 02 512 4322 *
  • Во случај на штетен настан во странство јавете се на телефонски број +36 1 236 7599 **

*За повиците од Македонија важат тарифите за локални појдовни повици на телефонскиот оператор.
 

**За повиците од странство важат тарифите на роаминг услугите по тарифа на телефонскиот оператор.