Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Триглав домашна асистенција

Триглав домашна асистенција е услуга, која што на клиентите на Триглав Осигурување, корисници на комбинираното осигурување на дом им нуди помош и поддршка кога таа им е најмногу потребна.



За сите полиси склучени од 01.03.2020бесплатно од Македонија0800 90 550

 

ЗА ТРИГЛАВ ДОМАШНА АСИСТЕНЦИЈА

Комбинираното осигурување на дом на Триглав Осигурување ја вклучува услугата Триглав домашна асистенција. Оваа услуга нуди 24-часовна поддршка при итни ситуации во домот, кога има потреба да се дејствува веднаш, за да се спречи сериозна штета, којашто може да предизвика нарушување на квалитетот на животот на осигуреникот.

Кој може да ги користи услугите на Триглав домашна асистенција?

Сите нови и постоечки клиенти, кои ги користат услугите за Комбинирано осигурување на дом се стекнуваат со правото за користење на Триглав домашна асистенција.


 

*Ова осигурување важи за осигурениот станбен простор, па во случај на закупување на осигурениот стан, закупецот, во договор со сопственикот, може да ги користи услугите на асистенцијата.

Како да постапите во случај на незгода во вашиот дом?

Ви препорачуваме, пред да настапи немил настан, да обезбедите Комбинирано осигурување за вашиот дом, со што се стекнувате со можност за користење на Триглав домашна асистенција. Jавете се на бесплатниот телефонски број 0800 90 550 во асистентската куќа ORYX и наведете ги сите потребни информации:

  • Име и презиме
  • Број на полиса
  • Име и број на телефон на лицето кое ќе биде во контакт со асистенцијата
  • Причина за асистенција (дефект, оштетување и сл.)

 

Асистенцијата ви е на располагање постојано, секој ден во неделата.

Што вклучува осигурувањето?

Осигурувањето ги покрива патните трошоци и работната рака за услугите во износ до 10.000 денари годишно, не го опфаќа материјалот за работа.


 

Кои дејности и услуги ги покрива асистенцијата:

  • Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки)
  • Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење)
  • Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава)
  • Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата)
  • Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој)

 

Единствено што треба да направите е да го пријавите случајот, а Триглав ќе ви ја обезбеди помошта.

 

*Во случаи кога осигуреникот самостојно организира решавање на проблемот, не следува надомест по основ на осигурителната полиса.

*Во случај на искористување на лимитот, можете да се обратите до асистентската куќа, при што услугите ќе бидат наплатени согласно ценовникот на асистентската куќа