Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од одговорност за штети причинети на трети лица за пловни објекти

Осигурувањето од одговорност на осигуреникот за штети причинети на трети лица, ги покрива штетите предизвикани од страна на осигурениот пловен објект непосредно или посредно и тоа до осигурената сума за:

  • штети предизвикани на друг пловен објект поради судир, удар, или на друг начин;
  • штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите, или со кој било друг прицврстен или подвижен предмет на копно или во вода;
  • штети причинети со излевање или исфрлање од пловниот објект на материи штетни по околината;
  • трошоци за мерките преземени по барање на осигурувачот и негови претставници, или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на трети лица, како и трошоци на разумни мерки што ги презел осигуреникот во ист правец без согласност на осигурувачот или негови претставници, ако таквата согласност не можел да ја добие благовремено;
  • побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.