Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на стакла

Ова осигурување опфаќа осигурување на стакло, слики, мермерни плочи, порцелански лавабоа, сообраќајни огледала, светлечки натписи, рекламни табли, споменици и слично.
сигурувањето на стакла ја покрива штетата настаната поради распукување и кршење на стаклото. Покрај стакло се осигурува и следново:
  • светлечки и рекламни натписи;
  • светлечки и рекламни паноа со придружна опрема или без неа;
  • слики, натписи и украси изработени на осигуреното стакло;
  • плочки од природен или вештачки камен на маси, пултови и полици;
  • сообраќајни огледала;
  • културни, историски и надгробни споменици. 
Со дополнителен договор, предмет на осигурување можат да бидат и предмети во излог, кои можат да се оштетат или уништат поради кршење на осигуреното стакло.

Подетални информации може да најдете во Условите за осигурување на стакла.