Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од кршење на машини

Оштетување или расипување на машини, уреди и алатки претставува голем трошок за секоја компанија. Осигурувањето на машините од кршење го опфаќа овој сериозен трошок.
Осигурувањето покрива уништување или оштетување на:
  • машини;
  • механички уреди;  
  • електрична опрема;  
  • инсталации.
како и:
  • основи и лежишта;
  • основни машини; и
  • полнења на електричните направи (нпр. масло), доколку се опфатени во вредноста на машината.  
Со договор може да се осигурат:   
  • далноводи;
  • плиноводи;
  • нафтоводи;
  • топловоди;
  • пароводи;
  • водоводна и одводна мрежа;
  • кабли со висок напон;
  • метални силоси;
  • антенски столбови;  
  • метални конструкции;  
  • термички облоги на печки;
  • електронски компјутерски програми вградени во машините, како и
  • шипки за бушење и придружна опрема на машините за длабинско дупчење.
Предметите може да се осигурат и за време на пренос и превоз. Во тој случај предметите се осигурени во случај на штета предизвикана од сообраќајна незгода, одредени пожарни опасности, како и од провална кражба и разбојништво.  

Подетални информации можете да најдете во Услови за осигурување на машини од кршење