Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од пожар и други опасности

Со соодветен избор на осигурување во случај на незгода ќе ја зачувате вредноста на вашиот имот а воедно ќе си обезбедите посигурна иднина. Направете избор на осигурување со коешто ќе го осигурате вашиот имот пред опасностите кои секојдневно ве загрозуваат.
Погрижете се за осигурување на вашите недвижности, вклучително и инсталациите од опасност од пожар, гром, експлозија, ветер, град, поплава и други опасности.

Со пожарното осигурување може да ги осигурите сите видови градби, како и сите нивни делови, вклучително и темелите и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации и останатата вградена механичка опрема (централно греење со цистерна за гориво, грејачи, климатски уреди, хидрофори, лифтови и слично). Покрај недвижниот имот можете да го осигурите и имотот што се наоѓа во објектот и е сопственост на осигуреникот (лични предмети и покуќнина).

Што покрива ова осигурување?

Осигурувањето од пожар покрива уништување или оштетување на осигурени ствари од следниве опасности:
  • пожар;
  • гром; 
  • експлозија; 
  • луња;  
  • град;
  • излевање вода од инсталации;
  • пад на воздушно летало;
  • манифестации и демонстрации;
  • удар на објект со сопствено моторно возило.

Дополнително може да се склучи и осигурување од опасности како што се:  
  • поплава;
  • излевање на вода;
  • удар од моторно возило кое не е сопственост на осигуреникот;
  • одронување на земјиште;
  • снежна лавина;
  • *истекување на течност (протекување);
  • *самозапалување на залихи;
  • *излевање на вжарена маса;
  • *земјотрес.

Подетални информации можете да најдете во Условите за осигурување од пожар и други опасности.