Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на товар за време на превоз – карго осигурување

Кога товарот патува по копно, вода или воздух, изложен е на многу ризици.
Со карго осигурувањето се осигурува товар, којшто се превезува, од оштетувања, или пак загуби, настанати како последица на  надворешни и неочекувани ризици при превозот.
Карго осигурувањето се смета дека започнува во моментот кога пратката се товари на  превозното средство во земјата на потекло, а завршува во моментот кога пратката ќе се растовари од превозното средство на крајната дестинација.

КАКВИ ВИДОВИ КАРГО ОСИГУРУВАЊА НУДИМЕ ?

  • ДОМАШНО КАРГО ОСИГУРУВАЊЕ со коешто се осигурува товарот при транспорт на територијата на нашата земја;
  • МЕЃУНАРОДНО КАРГО ОСИГУРУВАЊЕ со коешто се осигурува товарот во меѓународниот транспорт.

КОЈ МОЖЕ ДА СКЛУЧИ КАРГО ОСИГУРУВАЊЕ ?

Осигурувањето може да го склучи лице кое има имотен интерес за товарот, на пример сопственик на товарот, а во негово име осигурувањето може да го склучи и шпедитерот или продавачот.

КАКО СЕ ВРШИ ОСИГУРУВАЊЕТО?

Доволно е да се достави уредно пополнета пријава за карго осигурување. Врз основа на оваа пријава, доколку осигурувачот ја прифати пратката во осигурување, се изготвува полиса за осигурување.