Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од одговорност за штети причинети на трети лица

Доколку сакате да пловите и сте сопственик на пловен објект, погрижете се за соодветно осигурување од одговорност. На тој начин ќе заминете на пат со една грижа помалку.

Осигурувањето од одговорност, за штети причинети на трети лица, ги покрива штетите предизвикани непосредно, или посредно од осигурениот пловен објект, поточно:
 

  • штети предизвикани на друг пловен објект поради судир, удар или на друг начин;
  • штети направени со пристанишни уреди, навози, гатови, кејови, кабли, или со кој било друг прицврстен или подвижен предмет на копно или во вода;
  • штети причинети со излевање или исфрлање од пловниот објект на материи штетни по животната средина;
  • трошоци, за мерките превземени по барање на осигурувачот, заради заштита од неоправдани, или претерани барања на трети лица, како и трошоци на разумни мерки, што ги превзел осигуреникот, без согласност на осигурувачот, доколку таквата согласност не можел да ја добие благовремено;
  • побарувања за телесни оштетувања, до сумата ограничена за одговорност на бродарот.