Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

ПРАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Сопственикот на веб страната и доменот www.triglav.mk е Триглав Осигурување АД, Скопје, со седиште на бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје (во натамошниот текст веб страната Триглав Осигурување). Триглав Осигурување настојува, објавените информации на www.triglav.mk да бидат точни и ажурни.

 

Триглав Осигурување ги објавува информациите и документите, или другите писмени материјали на својата  интернет страница само за информативни цели и истите  немаат правно дејство, освен каде што тоа е експлицитно назначено.

 

Триглав Осигурување АД, Скопје не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од веб страната.

 

Триглав Осигурување, не е одговорен за формата и содржината на инфорамциите добиени преку линкови, коишто не се во сопственoст на Триглав Осигурување АД, Скопје, ниту е одговорен за заштита на приватноста на тие линкови.

 

Триглав Осигурување, го задржува правото во кое било време, на кој било начин и од која било причина да ја промени содржината на веб страната без претходна најава. За сите последици кои што можат да настанат поради промените на содржините, Триглав Осигурување не е одговорен.
 

Авторски права

Оваа веб страна како и содржините во истата се во сопственост на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права. Само Триглав Осигурување АД, Скопје има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите.
 

Забранета е употреба, репродукција, модифицирање, пренесување или зачувување на содржините на веб страната во каква било форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Триглав Осигурување АД, Скопје, освен ако истите се користат за лична употреба
 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Триглав Осигурување, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија. Оваа политика за приватност има за цел да го објасни начинот на којшто се врши обработка на личните податоци на посетителите на нашата веб страница www.triglav.mk
 

Кои лични податоци ги обработуваме?

При посетата на нашата веб страница во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на којшто Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител може да избере да го подеси својот Интернет пребарувач со цел да ги одбива „Cookies“  или да јави предупредување секогаш кога „Cookies“  ќе се пратат.
 

За која цел ги користиме Вашите лични податоци?

Триглав Осигурување ги собира и користи информациите од посетителите исклучиво за следните цели:

  • подобрување на нашата веб страница

постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата Страна базирано на повратните информациите, што ги добиваме од вас. 

  • За подобрување на услугите кон клиентите 

вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања за дадени услуги, или да ви ја пружиме поддршка која што ви е потребна

  • за администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб страницата.

Директен маркетинг

Триглав Осигурување врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на личните податоци (електронска адреса „e-mail“) на посетителите за цели на директен маркетинг само доколку посетителот ја има дадено својата согласност за обработка на неговата електронска адреса (e-mail) за цели на директен маркетинг.
 

Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг посетителот може да ја повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: oficer.lp@triglav.mk, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
 

Посетителот може да побара од Триглав Осигурување АД, Скопје да го информира за неговите права, поврзани со обработката на личните податоци, како и да ги дополни, измени, избрише, или да го сопре користењето на неговите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни, или неажурирани на горенаведените адреси.  
 

Сигурност и заштита

Триглав Осигурување ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање, или евентуална злоупотреба на податоците. 
 

Политика за приватност на личните податоци само за веб страницата

Оваа Политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите кои што се собираат преку нашата веб страница и не се однесува за личните податоци кои се обезбедуваат на други начини.
 

Промени на Политиката за приватност

Триглав Осигурување го задржува правото во секое време да jа измени, или дополни Политиката за приватност. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет страница.
 

Со влез на веб страната  www.triglav.mk ги прифаќате сите услови и ограничувања. Доколку не се согласувате со наведените услови и ограничувања, ве молиме да не ја користите оваа веб страна.
 

Без оглед на наведените услови и ограничувања, сепак ви препорачуваме  повремено да ја посетите нашата веб страница и повторно да го прочитате Правното известување кое е обрзувачко.