Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Известување за зделка со заинтересирана страна

9. 6. 2020

 

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:
 

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 166-та седница одржана на ден 29.04.2020 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2020 година со Триглав Ре број 0202-4159, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2020 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија.
 

Вредноста на договорот изнесува 73.710 Евра, а неговата реализација ќе зависи од настанувањето на штетен настан за предметот на реосигурување. 
 

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.

 

 

Се поврзува со:
Share on Google+