Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Известување за клиентите во врска со Ковид-19

14. 3. 2020

Почитувани,
 

Ве информираме дека, согласно препораките и Одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје континуирано воведуваат мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.
 

Согласно насоките од надлежните органи, препорачано е да се избегнува директен и близок контакт (препорачана оддалеченост од друго лице од најмалку еден метар), ракување, гушкање и долго седење во затворени простории. Со цел минимизирање и превенција на сите потенцијални ризици и одржување на максимална хигиена на рацете, препорачуваме да ги користите средствата за дезинфекција, поставени во нашите деловни простории.
 

Имајќи ги во предвид препораките на надлежните органи, компаниите на Триглав ќе работат со намален капацитет во периодот што следи, заради заштита на вработените и клиентите  и како превенција од ширење на вирусот. Советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна.
 

За сите Ваши потреби апелираме да ги контактирате нашите вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на веб-страниците https://www.triglav.mk/mk/, http://www.triglavzivot.mk/, http://www.triglavpenzisko.mk/, коишто се исто така наведени во дописот подолу.
 

Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во поглед на обновување на веќе склучените полиси. Сервисите за on-line обновување на полиси за осигурување од автомобилска одговорност и полисите за здравствено-патничко осигурување се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав Осигурување.
 

Триглав и натаму ќе одржува највисоко ниво на хигиена и на дезинфекција во своите простории, но сепак апелираме клиентите да бидат внимателни и да негуваат највисоко ниво на лична хигиена, како и да се придржуваат до препораките на Владата на Република Северна Македонија.
 

Во моментот нема измени во работното време на компаниите, но доколку има промени, или времено затворање на некое од продажните места, навремено ќе бидете известени.
 

Ве молиме да нѐ контактирате за сите прашања и потреби и Ви благодариме на разбирањето и Вашата внимателност.
 

 

Сѐ ќе биде во ред.

Триглав Осигурување АД, Скопје

Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Триглав пензиско друштво АД Скопје

 

 

Листа на телефонски броеви и електронски адреси за контакт:

Се поврзува со:
Share on Google+