Домот е нашата животна инвестиција. За да го создадеме, потребни се средства, време и енергија, а сето тоа може да исчезне во само еден миг. Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот.
Инвестирањето во домот е значаен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака, туку продолжува со обезбедување спокојност и сигурност во домот.
Со пакетите на Триглав - Мој дом осигурете го вашиот дом согласно вашите потреби и можности. Пакетите се флексибилни и ви овозможуваат избор на дополнителни покритија и предмети на осигурување. Креирајте го најдоброто осигурување за вашиот дом.
SAFE пакет – основен сет на покритија, кои што го штитат домот од потенцијално големи штети, кои што можат да настанат поради пожар или кражба. Пакетот може да се надгради со одредени покритија, кои што дополнително штитат од други големи штети.
SMART пакет – балансиран сет на покритија со поголем обем, кои што го штитат домот од најчестите ризици, како што се излевање на вода во домот и одговорност кон трети лица. Пакетот нуди голем број на дополнителни покритија, како и дополнителни предмети на осигурување (споредни простории, како гаражи и подрум, eнергетски ефикасни апарати и уреди, итн.) доколку сакате да го надградите осигурувањето на својот дом.
COMFORT
пакет – комплетна заштита и високи лимити на покриеност од опасности, што можат да се случат во домот, на семејството и на домашните миленици. Пакетот нуди дополнителни покритија, како и дополнителни предмети на осигурување (споредни простории и предмети, како гаражи и подрум, eнергетски ефикасни апарати и уреди итн.) доколку клиентот сака да го надгради осигурувањето на својот дом.
RELAX пакет – основен сет на покритија за викенд куќи, кој што нуди сигурност од пожар и кражба преку целата година. Пакетот може да се надгради со одредени покритија, кои што обезбедуваат дополнителна заштита.
Дополнителни поволности:
- до 25% попуст на лојалност доколку склучите пет-годишен договор за осигурување на домот
- 10% попуст за клиентите кои користат апарати кои се енергетски ефикасни односно начинот на загревање во домот е решен со енергетски ефикасно решение (инвертер клима уреди, топлотни пумпи и сл.), како и апарати кои го намалуваат загадувањето на животната средина (котли за пелети и брикети, чилери и сл.).
- клиентите кои поддржуваат енергетската ефикасност во домот и имаат поставено фотоволтаици, имаат можност за осигурување на истите со попуст до 50%.