Dodatna zavarovanja

Осигурете го најдобриот пријател

Вашето куче сака да си игра, да се гали, да спие во вашиот кревет, да ве пречека кога си доаѓате дома. Вашето куче е на сите ваши фотографии, на сите заеднички патувања, во сите авантури. Ова се само неколку знаци колку вие и вашето куче се сакате. И тоа е ваша работа. Да се грижиме, тоа е наша.

Со склучување на вистинското осигурување ќе го намалите финансискиот товар, кој што може да настане во случај на незгоди и трошоци поврзани со кучето.

Затоа го креиравме промотивниот осигурителен пакет #МојМиленик. Тој го штити Вашиот миленик, а MyKi уредот за следење на кучето, што го добивате бесплатно во рамки на пакетот, обезбедува подобра сигурност.

Покритието на пакетот ги вклучува следните ризици и обезбедува:


  • осигурување во случај на смрт од несреќен случај, со покритие до 30 000 денари, без франшиза и без карeнца;
  • осигурување во случај на смрт од болест, со покритие до 30 000 денари, без франшиза со карeнца од 14 дена од денот на склучување на осигурувањето;
  • трошоци за лекување, со покритие до 6 000 денари годишно, без франшиза, со каренца од само 14 дена од денот на склучување на осигурувањето.

 

Премијата за пакетот Мој миленик  изнесува 6 000 денари годишно, а договорот за осигурување се склучува на две години.

 

Осигурувањето важи на територија на Република Северна Македонија.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Кучето ми е осигурено, како да постапам во случај на лекување?

Трошоците за лекување се надоместуваат по пат на рефундација. Висината на трошоците за лекување се утврдува врз основа на извештајот, издаден од ветеринарот и оригиналната фискална сметка.

 

За поднесување на барање за рефундација на средства за лекување на кучето, потребни се следните документи:

  • Пријава за штета ;
  • Доказ за извршено плаќање -  оригинална фискална сметка;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на миленикот;
  • Ветеринарен извештај, којшто треба да ги содржи следните податоци:
  • сопственик на кучето и негова адреса;
  • идентификација на кучето – број на чип;
  • датумот кога е направен прегледот;
  • дијагноза;
  • спецификација на видот, количеството и цената на потрошените лекови и материјали;
  • вкупен износ;
  • потпис и печат на ветеринарот и потпис од сопственикот на куче


Како да постапам во случај на смрт на кучето од болест или од несреќен случај?

Случајот се утврдува на самото место, од страна на проценителот од компанијата, ветеринарот и сопственикот на кучето. Увидот се прави директно на кучето, откако ќе биде утврден неговиот идентитет со читач на ИД кодот.


Во овој случај потребна е следната документација:

  • Пријава за штета;
  • Ветеринарен извештај, образец којшто Триглав го доставува до ветеринарот;
  • Фотографии од кучето направени за време на увид;
  • Одјава од системот за идентификација и регистрација на животните;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на кучето.