Асистенција за вашиот дом

Триглав домашна асистенција е услуга, која што на клиентите на Триглав Осигурување, корисници на комбинираното осигурување на дом им нуди помош и поддршка кога таа им е најмногу потребна.

Комбинираното осигурување на дом на Триглав Осигурување ја вклучува услугата Триглав домашна асистенција. Оваа услуга нуди 24-часовна поддршка при итни ситуации во домот, кога има потреба да се дејствува веднаш, за да се спречи сериозна штета, којашто може да предизвика нарушување на квалитетот на животот на осигуреникот.

За услугата

Кој може да ги користи услугите на Триглав домашна асистенција?
Како да постапите во случај на незгода во вашиот дом?
Што вклучува осигурувањето?
Кои дејности и услуги ги покрива асистенцијата:

Сите нови и постоечки клиенти, кои ги користат услугите за Комбинирано осигурување на дом се стекнуваат со правото за користење на Триглав домашна асистенција.


*Ова осигурување важи за осигурениот станбен простор, па во случај на закупување на осигурениот стан, закупецот, во договор со сопственикот, може да ги користи услугите на асистенцијата.


Ви препорачуваме, пред да настапи немил настан, да обезбедите Комбинирано осигурување за вашиот дом, со што се стекнувате со можност за користење на Триглав домашна асистенција. Јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 90 550 во асистентската куќа ORYX и наведете ги сите потребни информации:

  • •Име и презиме
  • •Број на полиса
  • •Име и број на телефон на лицето кое ќе биде во контакт со асистенцијата
  • •Причина за асистенција (дефект, оштетување и сл.)

 

Асистенцијата ви е на располагање постојано, секој ден во неделата.

Осигурувањето ги покрива патните трошоци и работната рака за услугите во износ до 10.000 денари годишно, не го опфаќа материјалот за работа.

  • Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки)
  • Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење)
  • Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава)
  • Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата)
  • Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој)

 

Единствено што треба да направите е да го пријавите случајот, а Триглав ќе ви ја обезбеди помошта.

 

*Во случаи кога осигуреникот самостојно организира решавање на проблемот, не следува надомест по основ на осигурителната полиса.

*Во случај на искористување на лимитот, можете да се обратите до асистентската куќа, при што услугите ќе бидат наплатени согласно ценовникот на асистентската куќа


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Асистенција

За вашиот дом

24-часовна помош за вас и вашите најблиски:

  • Брза помош и решавање на штета,
  • Организација и покритие на трошоци за занаетчиски услуги:
    • Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки),
    • Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење),
    • Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава),
    • Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата),
    • Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој).
  • Совети и корисни информации.


БЕСПЛАТЕН ПОВИК

0800 90 550

Пријава на штета