Ta portalski programček ni na voljo.
Če želite povezati spletno vsebino, dodajte vsebino v področje spletnega mesta "triglav.mk/Glavne vsebine/Осигурување/Физички лица/Патувања/OLD Здравствено патничко" ali pa uporabite pogovorno okno Vsebinska točka ali način Urejanje skupnih nastavitev v Prikazovalniku spletne vsebine in izberite vsebino za prikaz. Seznanite se z nastavitvami vsebine

Микро дом

Осигурете го домот додека сте на патување во странство - две осигурувања, една полиса.

Заштитете го домот од големи штетни настани, кои што можат да се случат поради пожар или кражба. Микро дом можете да склучите онлајн, во рамки на индивидуална или семејна полиса за здравствено-патничко осигурување. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека сте на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

Цената за микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари.

Обезбедете здравствено-патничко осигурување со вклучено микро осигурување на дом и бидете спокојни додека патувате.


Склучете онлајн

Осигурителни пакети

Висина на осигурително покритие
Трошоци за лекување од незгода и болест
15 000 ЕУР
30 000 ЕУР
Трошоци за превоз
3.600 €
7.200 €
Надомест на телефонски трошоци
1.500 MKD
1.500 MKD
Доцнење на багаж во рок од 20 часа
200 €
200 €
Кражба на лични ствари-багаж
200 €
200 €
Кражба на техничка стока-багаж
500 €
500 €
Итни стоматолошки интервенции
150 €
150 €

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Информативна пресметка и онлајн здравствено осигурување можете да добиете овде.

За поинаква комбинација на осигурително покритие и дополнителни прашања можете да се обратите на кое било продажно место на Триглав Осигурување или на телефонските броеви 02 51 02 222 и 0800 02222.


Асистенција во странство

Што во случај на потреба од лекар?

Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102 или факс на бројот +381 11 411 99 99 како и на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu

При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:

  • Лични податоци,

  • Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),

  • Опис на здравствениот проблем,

  • Ваша моментална контакт адреса и телефон.

 

Нашите партнери ќе Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција

ЈАВЕТЕ СЕ НА

+381 11 41 44 102

Пријава на штета

Најчесто поставувани прашања

Во случај на продолжување на престојот во странство, како да ја продолжам полисата за здравствено патничко осигурување?

Осигурувањето може да се склучи и да биде валидно и за време на престој на осигуреникот во странство, но исклучиво само доколку осигуреникот ја продолжи својата полиса за осигурување најдоцна 24 часа пред истекот на претходната полиса, односно 24 часа пред истекот на последниот ден од неговото покритие.

Колку членови на семејство вклучува полисата за семејно осигурување?

Со семејно осигурување на патници за време на патување и престој во странство со една полиса може да се осигураат најмалку две лица кои патуваат заедно вклучувајќи брачни или вонбрачни партнери и нивните деца со навршени најмногу 18 години старост.

Како да склучам онлајн здравствено патничко осигурување за малолетно лице?

При склучување на онлајн патничко осигурување за малолетно лице, во делот на осигуреник внесете ги сите потребни податоци за корисникот на осигурувањето односно за малолетното лице, а во делот на договарач внесете ги податоците од лицето кое во име и за сметка на малолетното лице го склучува осигурувањето.

Колку осигуреници најмалку се потребни за склучување на групно патничко осигурување?

Со групно осигурување на патници за време на патување и престој во странство, со една полиса осигурена е група на луѓе (најмалку 10 лица) кои патуваат заедно.

Дали доколку планирам да ја преминам границата со лична карта можам да склучам онлајн полиса за здравствено патничко осигурување?

Да, само со фиксен период на покритие осигурувањето може да биде склучено и со лична карта.

Дали може да извадам патничко осигурување за лица постари од 75 години и што треба да знам за оваа возрасна категорија на патници?

Полиса за лица над 75 години, може да се издаде исклучиво во дирекцијата на Триглав по претходно одобрение од Секторот за развој, оцена и преземање на ризици во Триглав Осигурување.

За овие осигуреници важат следниве услови:

  • Можат да склучат само Травел Смарт пакет.
  • Полисата може да биде со максимално времетраење од 60 дена во период од 365 дена.
  • За болничко лекување и операција важи фиксно учество во штета, во висина од 20% од секоја штета или минимум 1.000 евра во денарска противвредност.


Како да постапам доколку не можам да ја добијам асистентската куќа?

Во случај кога не сте во можност да ја добиете асистентската куќа преку телефонски повик, може да се одберат опциите за помош во странство преку онлајн повик или да се пополни онлајн апликацијата каде може да го пријавите вашиот случај. За повеќе информации кликнете на следниот линк.