Здравствено патничко осигурување за поголема безбедност во странство
Здравствено патничко осигурување за туристички и службени патувања, или за престој во странство заради студирање или работа.
Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се - земете добро здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.
Проверете кои ризици се покриени со здравствено патничкото осигурување и која опција повеќе ви одговара. Во зависност од тоа каде, колку долго и со кого патувате, изберете пакет со најдобра гаранција за безбедно патување.
Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.
Здравственото патничко осигурувањето важи секаде во светот, освен на територијата на Северна Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.
Осигурителни пакети
Информативна пресметка и онлајн здравствено осигурување можете да добиете овде.
За поинаква комбинација на осигурително покритие и дополнителни прашања можете да се обратите на кое било продажно место на Триглав Осигурување или на телефонските броеви 02 51 02 222 и 0800 02222.
Асистенција во странство
Што во случај на потреба од лекар?
Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102 или факс на бројот +381 11 411 99 99 како и на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu
При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:
-
Лични податоци,
-
Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),
-
Опис на здравствениот проблем,
-
Ваша моментална контакт адреса и телефон.
Нашите партнери ќе Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција
ЈАВЕТЕ СЕ НА
