Здравствено патничко осигурување за поголема безбедност во странство

Здравствено патничко осигурување за туристички и службени патувања, или за престој во странство заради студирање или работа.

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се - земете добро здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како  последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

Проверете кои ризици се покриени со здравствено патничкото осигурување и која опција повеќе ви одговара. Во зависност од тоа каде, колку долго и со кого патувате, изберете пакет со најдобра гаранција за безбедно патување.

Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.

Здравственото патничко осигурувањето важи секаде во светот, освен на територијата на Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.

Микро дом

Осигурете го домот додека сте на патување во странство - две осигурувања, една полиса.

Заштитете го домот од големи штетни настани, кои што можат да се случат поради пожар или кражба. Микро дом можете да склучите онлајн, во рамки на индивидуална или семејна полиса за здравствено-патничко осигурување. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека сте на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

Цената за микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари.

Обезбедете здравствено-патничко осигурување со вклучено микро осигурување на дом и бидете спокојни додека патувате.


Склучете онлајн

Осигурителни пакети

Висина на осигурително покритие
Трошоци за лекување од незгода и болест
15 000 ЕУР
30 000 ЕУР
Трошоци за превоз
3.600 €
7.200 €
Надомест на телефонски трошоци
1.500 MKD
1.500 MKD
Доцнење на багаж во рок од 20 часа
200 €
200 €
Кражба на лични ствари-багаж
200 €
200 €
Кражба на техничка стока-багаж
500 €
500 €
Итни стоматолошки интервенции
150 €
150 €

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Внимавајте

Внимавајте при изборот на годишно здравствено патничко осигурување, бидејќи ви нудиме две различни осигурувања:

  • Со повеќе влезови во странски земји, при што секое патување трае помалку од 90 дена и
  • Поединечно патување во странство, коешто е во времетраење од вкупно 90 дена

Информативна пресметка и онлајн здравствено осигурување можете да добиете овде.

За поинаква комбинација на осигурително покритие и дополнителни прашања можете да се обратите на кое било продажно место на Триглав Осигурување или на телефонските броеви 02 51 02 222 и 0800 02222.


Асистенција во странство

Што во случај на потреба од лекар?

Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102 или факс на бројот +381 11 411 99 99 како и на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu

При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:

  • Лични податоци,

  • Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),

  • Опис на здравствениот проблем,

  • Ваша моментална контакт адреса и телефон.

 

Нашите партнери ќе Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција

ЈАВЕТЕ СЕ НА

+381 11 41 44 102

Пријава на штета

Најчесто поставувани прашања

Во случај на продолжување на престојот во странство, како да ја продолжам полисата за здравствено патничко осигурување?

Осигурувањето може да се склучи и да биде валидно и за време на престој на осигуреникот во странство, но исклучиво само доколку осигуреникот ја продолжи својата полиса за осигурување најдоцна 24 часа пред истекот на претходната полиса, односно 24 часа пред истекот на последниот ден од неговото покритие.

Колку членови на семејство вклучува полисата за семејно осигурување?

Со семејно осигурување на патници за време на патување и престој во странство со една полиса може да се осигураат двајца родители и сите нивни деца кои се до 18 години (но не со полни 18 години).

Како да склучам онлајн здравствено патничко осигурување за малолетно лице?

При склучување на онлајн патничко осигурување за малолетно лице, во делот на осигуреник внесете ги сите потребни податоци за корисникот на осигурувањето односно за малолетното лице, а во делот на договарач внесете ги податоците од лицето кое во име и за сметка на малолетното лице го склучува осигурувањето.

Колку осигуреници најмалку се потребни за склучување на групно патничко осигурување?

Со групно осигурување на патници за време на патување и престој во странство, со една полиса осигурена е група на луѓе (најмалку 10 лица) кои патуваат заедно.

Дали доколку планирам да ја преминам границата со лична карта можам да склучам онлајн полиса за здравствено патничко осигурување?

Да, само со фиксен период на покритие осигурувањето може да биде склучено и со лична карта.

Дали може да извадам патничко осигурување за лица постари од 75 години и што треба да знам за оваа возрасна категорија на патници?

Да, ние нудиме осигурување на патници постари од 75 години.

Сите осигуреници над 70 години ќе можат да склучат полиса за патничко осигурување со максимално времетраење од 60 дена во период од 365 дена.

За овие осигуреници важи фиксно учество во штета само во случај за болничко лекување (хоспитализација) и операција во висина од 2.000 евра


Како да постапам доколку не можам да ја добијам асистентската куќа?

Во случај кога не сте во можност да ја добиете асистентската куќа преку телефонски повик, може да се одберат опциите за помош во странство преку онлајн повик или да се пополни онлајн апликацијата каде може да го пријавите вашиот случај. За повеќе информации кликнете на следниот линк.