Здравствено патничко осигурување за поголема безбедност во странство
Здравствено патничко осигурување за туристички и службени патувања, или за престој во странство заради студирање или работа.
Патувањата во странство носат незаборавни моменти, но понекогаш се соочуваме и со целосно неочекувани ситуации. Со здравственото патничко осигурување, обезбедувате итна и неопходна поддршка, токму тогаш кога ви е најпотребна. Одберете го соодветниот пакет и предајте ја грижата во наши раце.
- Пакет Travel Smart, со покритие до 30 000 евра – исплатливо решение за патниците со стандардни потреби за заштита, кои бараат основно покритие по прифатлива цена;
- Пакет Travel Smart Plus, со покритие до 50 000 евра – повисок лимит за медицинска заштита и безгрижно патување.
Патниците добиваат ниво на сигурност што обезбедува вистинска поддршка во клучни моменти:
- Повисоко покритие за лекување во странство — 50.000 ЕУР, без под-лимити;
- Семејно осигурување со 50% попуст на премијата за деца до 18 години;
- Пониска премија за територијално покритие „Соседни земји“;
- Можност за склучување на полиса со повеќе влезови за цел свет;
- Ски пакет за љубителите на рекреативни скијачки и сноуборд спортови.
Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.
Здравственото патничко осигурувањето важи секаде во светот, освен на територијата на Северна Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.
Осигурителни пакети
Нови покритија
Откријте ги новите покритија во нашиот продукт:
Финансиска заштита во случај на траен инвалидитет или смрт од незгода, што може да се случи за време на патувањето.
Ги штити патниците од финансиски загуби, кога не се во можност да присуствуваат на однапред закажани настани, за кои што претходно купиле карта, како што се концерти, фестивали, спортски настани или изложби, поради настаната незгода или болест, при што осигуреникот е хоспитализиран.
Овој дополнителен пакет клиентите можат да го изберат во рамки на пакетот Travel Smart. Нуди покритие на трошоци за лична одговорност, како и трошоци за неискористеност на ски карта и изнајмена ски опрема во случај кога осигуреникот е хоспитализиран повеќе од три дена, поради претрпена незгода.
Информативна пресметка и онлајн здравствено осигурување можете да добиете овде.
За поинаква комбинација на осигурително покритие и дополнителни прашања можете да се обратите на кое било продажно место на Триглав Осигурување или на телефонските броеви 02 51 02 222 и 0800 02222.
Асистенција во странство
Што во случај на потреба од лекар?
Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102 или факс на бројот +381 11 411 99 99 како и на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu
При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:
-
Лични податоци,
-
Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),
-
Опис на здравствениот проблем,
-
Ваша моментална контакт адреса и телефон.
Нашите партнери ќе Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција
ЈАВЕТЕ СЕ НА
