Задолжително осигурување

Осигурување од автомобилска одговорност (АО) согласно законот е задолжително осигурување, кое мора да го има секое регистрирано возило.

Со осигурувањето ќе бидете безбедни од финансиска загуба. Доколку во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети во сопственост на трети лица (на пример возило, куќа, ограда и слично) односно предизвикате телесни повреди или смрт на други учесници, компанијата на оштетените ќе им ја надомести настанатата материјална и нематеријална штета.

Осигурувањето од автомобилска одговорност покрива само штети кои се предизвикани на другите учесници во сообраќајната незгода, затоа ви препорачуваме да склучите и осигурување на возачот предизвикувач на незгодата во случај на телесни повреди или смрт.

Како дополнително осигурување од Автомобилска одговорност е и делумното каско осигурување на стакла, кое без разлика кој е причинител на штета, компанијата врши надомест на оштетено или скршено стакло на вашето возило.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Погледнете ги останатите понуди

Најчесто поставувани прашања

Дали при пренос на сопственост на возило се пренесува и стекнатиот бонитет ?

При пренос на сопственост на возилото, не е можно преземање на претходно стекнатиот бонус.