Со осигурувањето ќе бидете безбедни од финансиска загуба. Доколку во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети во сопственост на трети лица (на пример возило, куќа, ограда и слично) односно предизвикате телесни повреди или смрт на други учесници, компанијата на оштетените ќе им ја надомести настанатата материјална и нематеријална штета.
Осигурувањето од автомобилска одговорност покрива само штети, кои што се предизвикани на другите учесници во сообраќајната незгода, затоа ви препорачуваме да склучите и осигурување на возачот предизвикувач на незгодата во случај на телесни повреди или смрт.
Дополнително осигурување на автомобилската одговорност е и делумното каско осигурување на стакла, врз основ на кое што компанијата врши надомест на оштетено или скршено стакло на вашето возило, без разлика кој е причинителот на штетата.
