Задолжително осигурување

Осигурување од автомобилска одговорност (АО) согласно законот е задолжително осигурување, кое мора да го има секое регистрирано возило.

Со осигурувањето ќе бидете безбедни од финансиска загуба. Доколку во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети во сопственост на трети лица (на пример возило, куќа, ограда и слично) односно предизвикате телесни повреди или смрт на други учесници, компанијата на оштетените ќе им ја надомести настанатата материјална и нематеријална штета.

Осигурувањето од автомобилска одговорност покрива само штети, кои што се предизвикани на другите учесници во сообраќајната незгода, затоа ви препорачуваме да склучите и осигурување на возачот предизвикувач на незгодата во случај на телесни повреди или смрт.

Дополнително осигурување на автомобилската одговорност е и делумното каско осигурување на стакла, врз основ на кое што компанијата врши надомест на оштетено или скршено стакло на вашето возило, без разлика кој е причинителот на штетата.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Погледнете ги останатите понуди

Најчесто поставувани прашања

Дали при пренос на сопственост на возило се пренесува и стекнатиот бонитет?

При пренос на сопственост на возилото, не е можно преземање на претходно стекнатиот бонус. 


Дали ќе го изгубам бонусот доколку го продадам возилото или ја сменам осигурителната компанија?

Не, при промена на осигурителната компанија го задржувате стекнатиот бонус. Стекнатиот бонус исто така може да се задржи и при продажба на возилото.


Дали при штета на моето возило од страна на непознат сторител или од невреме, имам право на надомест по полиса за автоодговорност?

Не, со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини кон другите учесници во сообраќајот т.н. трети лица, со користење на возилото.

Купив автомобил и полисата гласи на име на стариот сопственик. Дали морам да направам промена на сопственост и во кој рок?

Да, промената на сопственост е задолжителна и треба да се направи во најкраток временски рок.

Колкав е рокот за пријава на штета со Европски записник?

Рокот за пријава на штета со европски записник е 30 дена од денот на настанување на осигурен случај.

Дали може да се додаде покритие за осигурување на патниците или за осигурување на стаклата откако веќе е склучена полисата за осигурување од автоодговорност?

Не, покритието за осигурување на патници и стакла може да се склучи само при склучување на полисата за автоодговорност.

Дали издавате потврда за немање штети?

Да, потврдата се издава со поднесување на писмено барање од страна на барателот. Потврдата се однесува за период од најмногу 10 години наназад и истата изнесува 1.000,00 денари.