Уништувањето или оштетувањето на возилата може да е последица на:
- Разни настани, на коишто немате никакво влијание, како вонредни временски непогоди, природни незгоди, кражба, непристојни однесувања на други лица и други посебни настани;
- Настани во сообраќајот, за коишто лично сте одговорни.
Осигурувањето покрива штети поради уништување или оштетување на осигурените ствари, како последица од неочекувани и од волјата на возачот независни настани кои настануваат:
- Во сообраќај и во мирување: сообраќајна незгода, судир, превртување, лизгање или пад на возило, удар или пад на некаков предмет, снег како и ледени свеќи или ледени творби;
- Заради дејствија на трети лица: насилно или недолично дејствување, манифестации и демонстрации;
- Заради посебни настани: пад на летало, помош на повредени лица, попречување на поголеми штети на ствари (екстремна акција)
Можете да склучите и осигурување на дополнителна опрема на возилото и личен багаж, како и ствари во возилото.
Доколку сте наш осигуреник со полиса за автомобилска одговорност и зелена карта, имате непријавени штети при обнова на полиса и плаќате еднократно, полисата за каско осигурување можете да ја добиете со попусти на премијата од 40-70%.