start portlet menu bar

Каско осигурување на автомобили | Triglav.mk

Display portlet menu
end portlet menu bar

Целосно осигурување на возила

Каско осигурувањето покрива штети, настанати поради уништување, оштетување или кражба на вашето возило.

Уништувањето или оштетувањето на возилата може да е последица на:

  • Разни настани, на коишто немате никакво влијание, како вонредни временски непогоди, природни незгоди, кражба, непристојни однесувања на други лица и други посебни настани;
  • Настани во сообраќајот, за коишто лично сте одговорни.

Осигурувањето покрива штети поради уништување или оштетување на осигурените ствари, како последица од неочекувани и од волјата на возачот независни настани кои настануваат:

  • Во сообраќај и во мирување: сообраќајна незгода, судир, превртување, лизгање или пад на возило, удар или пад на некаков предмет, снег како и ледени свеќи или ледени творби;
  • Заради дејствија на трети лица: насилно или недолично дејствување, манифестации и демонстрации;
  • Заради посебни настани: пад на летало, помош на повредени лица, попречување на поголеми штети на ствари (екстремна акција)

Можете да склучите и осигурување на дополнителна опрема на возилото и личен багаж, како и ствари во возилото.

Доколку сте наш осигуреник со полиса за автомобилска одговорност и зелена карта, имате непријавени штети при обнова на полиса и плаќате еднократно, полисата за каско осигурување можете да ја добиете со попусти на премијата од 40-70%.


Одберете Каско Green за вашето електрично или хибридно возило

Заштитата на животната средина е еден од најголемите предизвици на денешницата и бара внимание и посветеност од сите нас. Токму затоа, обезбедивме единствена можност за поголема заштита за вас, вашето возило и за средината во која што живееме.

Доколку имате електрично или хибридно возило, Каско Green на Триглав е вистинското решение за вас. Осигурете го вашето возило со Каско Green и добијте 50% попуст на премијата. Заштитете го вашето возилото и заштедете.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА УСЛУГА

Каско Green е наменета за клиентите од резидентниот и од корпоративниот сегмент и има важност до 30-ти септември, 2023 година.

Одберете Каско GREEN, одберете го Триглав.

Бидејќи #СеГрижиме


#Онакога ВОЗИЛОТО ВИ Е НА СЕРВИС, А ОБВРСКИТЕ СЕ МНОЖАТ


Кога ќе го оставите вашето возилото на сервис, станувате свесни за мноштвото неодложни активности, кои што секојдневно ги завршувате. Тогаш почнувате да размислувате дека треба да стигнете на сите неодложни деловни состаноци, дека децата треба да се однесат и да се земат од училиште, дека имаат вон училишни активности, дека можеби токму тогаш треба да одите по набавка на намирници и што сѐ не.

Не грижете се, можете да продолжите да функционирате нормално и да ги реализирате своите планови, бидејќи со вашата Триглав каско полиса, на користење добивате заменско електрично возило од Avant Car, кога вашето возило е на сервис.

КАКО ДО УСЛУГАТА

Заменското електрично возило можeтe да го користите по пријава на штета по каско осигурување, бесплатно во времетраење до 48 часа. Заменското возилото ќе ви биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има склучено договор за соработка, а во кој што вашето возило ќе биде задржано на поправка подолго од 24 часа.

Пред да го оставите вашето возилото на сервис, единствено што треба да направите е да го контактирате Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за вас.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА УСЛУГА

Услугата им следува на клиентите кои  ќе склучат или обноват Триглав каско полиса во периодот од 05.05.2022 година до 31.12.2024 година.


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Документи

Најчесто поставувани прашања

Дали мора да имам полиса за осигурување од автоодговорност во вашата компанија за да склучам полиса за каско осигурување?

Не, може да склучите полиса за каско осигурување без да имате полиса за осигурување од автоодговорност во нашата компанија.

Дали ќе имам попуст за каско доколку имам полиса за автоодговорност во Триглав?

Не, но доколку склучите Триглав комплет или Триглав Комплет + ви обезбедуваме заштеда и до 50%.


Дали при штета мора задолжително да дојдам во компанијата за да се направи увид на автомобилот или можам директно да се упатам во овластен сервис?

Да, задолжително треба да се направи увид од страна на Триглав Осигурување, а тоа може да го направите преку мобилната апликација Триглав Пријава или во нашата дирекција.


Дали при промена на сопственост на возило, полисата трае до нејзиниот истек?

Не, со промена на сопственоста на возилото, договорот за осигурување престанува да важи од 24 часот од денот на издавање на фактура за продажба или заверен купопродажен договор.


Кога се прави прекин на полиса за каско осигурување и кои се правата и обврските на осигуреникот во овој случај?

Прекин на договорот за каско осигурување се прави во случај на промена на сопственост на возилото и во случај на тотално уништување на возилото. Во тој случај задолжително да се достави барање за прекин на осигурувањето, купопродажен договор и каско полисата.


Погледнете ги останатите понуди