Осигурувањето од автомобилска одговорност (AO) не нуди покритие за евентуалните повреди на возачот и патниците во автомобилот во случај на незгода, затоа ви препорачуваме да обезбедите дополнително осигурување за возачот и патниците во возилото. Во таков случај, добивате надомест, доколку вие или некој од вашите сопатници се здобие со повреди.
Осигурувањето носи финансиска сигурност, бидејќи обезбедува дневен надомест и покритие на трошоци за лекување во случај на повреда, надомест во случај на траен инвалидитет како последица од незгода, како и надомест за семејството при смртен случај.
Осигурувањето можете да го склучите заедно со осигурување од автомобилска одговорност (AO).
