Осигурување за вашето возило во странство

Зелена карта

При патување надвор од границите на нашата држава, задолжително треба да поседувате зелена карта, што всушност претставува осигурување од автомобилска одговорност во странство.

Зелена карта е поврзана со вашето осигурување од авто-одговорност, така што нејзината валидност престанува со важност со истекот осигурувањето од авто-одговорноста.

Со зелената карта ќе бидете безбедни од финансиска загуба, доколку во странство во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети и штети на трети лица, обврската за надомест на тие штети во ваше име ќе ги надомести Триглав Осигурување.


  • материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
  • нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.


Надомест на лекарски трошоци за Ваши лични повреди, како предизвикувач на сообраќајна незгода во странство, можете да  си обезбедите со здравствено патничко осигурување.

Наједноставен начин да ја надоместите штета на вашето возило настаната во странство е со Каско осигурување. Цената за оваа осигурителна услуга е неспоредливо ниска во однос на несаканиот трошокот кој што може да настане при сообраќајна незгода во странство.


Напомена: Согласно одлука на Управниот одбор на Советот на Бироа во Брисел (која е задолжителна за нашата држава) од територијалната важност/покритие на зелените карти се исклучени државите  Русија и Белорусија
Триглав Осигурување благовремено ги известува своите клиенти, кои веќе имаат зелена карта, како и оние, кои ќе обезбедат зелена карта по 30-ти јуни, 2023 година, дека по овој датум истата нема да има важност при влез во Русија и Белорусија. Поради тоа, осигурителната компанија нема да може да врши исплата на евентуални штети, настанати во една од овие држави, по 30-ти јуни, 2023 година, без оглед кога возилото со македонски регистарски таблички направило влез во нив. Возилата со македонски регистарски таблички ќе треба да го регулираат осигурувањето, кое што ќе важи во овие две држави по 30-ти јуни, 2023 година, согласно нивните национални законодавства, без оглед на датумот на влез во нив.




ЦЕНОВНИК ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА

Патнички возила до 66 KW Патнички возила над 66 KW Моторцикли Влечни, специјални, приклучни и работни возила Комбинирани возила Товарни возила и автобуси
1 месец 1850 МКД 3075 МКД 1850 МКД 5536 МКД 9656 МКД 17222 МКД
12 месеци 3690 МКД 5536 МКД


За осигурувањето

Надомест на штета
Како да постапите при сообраќајна незгода
Обврски по враќање во Република Македонија

Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Иако сте виновни за незгодата, потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.

Доколку доживеете сообраќајна незгода:

  • не поместувајте го возилото;
  • поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
  • погрижете се за повредените лица;
  • повикајте полиција;
  • направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
  • разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
  • побарајте белешка од полицијата;
  • пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од Вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
  • доколку имате некаков проблем, јавете се во Триглав Осигурување во Вашиот град или во централата: +389 2 5102 222.

По враќање во земјата, пријавете ја веднаш штетата во Триглав Осигурување. При описот на незгодата, законски сте обврзани да бидете објективни. Дополнителните трошоци предизвикани поради необјективен опис ги сносите самостојно. Штетата на возилото, настаната надвор од 

земјата можете да ја пријавите:

  • лично
  • на e-mail адресата: steti@triglav.mk
  • по факс: +389 2 5102 297
  • по пошта, со писмена изјава
Ова е единствен начин да Ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до Вас.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Поволности

Каско поволности

Како до попуст во каско осигурување од 40% до 70%.

Бидете безбедни кога возите

Сите ваши патувања нека започнат и завршат среќно.

Калкулатор за автомобилска одговорност

Пресметајте ја премијата за автомобилска одговорност.

Погледнете ги останатите понуди