Осигурување на пловни објекти

Покрај убавите искуства, непредвидливите настани и временски услови се секогаш присутни на море. Обезбедете добро осигурување и не оставајте ништо на случајност.

Доколку сакате да пловите и сте сопственик на пловен објект, погрижете се за соодветно осигурување. Така, ќе заминете на пат со една грижа помалку.

Пловилата се осигурени за време на пловидба, мирување, укотвување, како и од одговорност за штети причинети на трети лица. Осигурувањето важи и доколку пловите надвор од границите на земјата.

Осигурувањето на пловниот објект ги опфаќа трупот, инсталациите, уредите, инвентарот и опремата, редовните залихи на гориво, масла и други бродски материјали, залихи на храна и пијалаци потребни за посадата на бродот.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе