Затоа, пред да одите на патување, склучете осигурување од одговорност, за штети причинети на трети лица. Осигурувањето обезбедува покритие до осигурената сума за:
- штети предизвикани на друг пловен објект поради судир, удар, или на друг начин;
- штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите, или со кој било друг прицврстен или подвижен предмет на копно или во вода;
- штети причинети со излевање или исфрлање од пловниот објект на материи штетни по околината;
- трошоци за мерките преземени по барање на осигурувачот и негови претставници, или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на трети лица, како и трошоци на разумни мерки што ги презел осигуреникот во ист правец без согласност на осигурувачот или негови претставници, ако таквата согласност не можел да ја добие благовремено;
- побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.
