Европската унија со Уредбата бр.785/2004 пропиша, дека сите сопственици на регистрирани воздухоплови со максимална тежина при полетување до 20 кг, задолжително мора да склучат осигурување од одговорност за штета, предизвикана кон трети лица и/или предмети во сопственост на трети лица, за време на лет и на тло.
Врз основа на осигурувањето, осигурителната компанија ќе ја покрие штетата, што произлегува од барањето за надомест на штета, доколку е во врска со користењето на воздухопловот за време на лет или на тло и дошло до штета на:
- лица : телесни повреди, нарушено здравје или смрт на трето лице;
- предмети: уништување, оштетување или исчезнување на предмети на трети лица.
Покриени се и потребните и разумните трошоци со спорови и правни дејствија.
