Болести опфатени со ова осигурување:
ТЕШКИ БОЛЕСТИ
Tрансплантација на внатрешни органи поради тешко заболување, како што се срце, бубрези и коскена срцевина, заради лекување на системски болести;
Настанува поради крварење од интракранијалните крвни садови или тромбемболија на интракранијалните крвни садови. Состојбата вклучува мозочен удар чијашто последица е трајно невролошко нарушување;
Недвосмислена дијагноза од идиопатска или примарна Паркинсонова болест (сите останати облици на Паркинсонова болест се исклучени);
Дијагноза на тешка и генерализирана форма на епилепсија кај осигуреникот, која е трајна или трае минимум три (3) месеци;
Тешка рестриктивна и опструктивна болест со присуство на диспнеја во мирување и значајни промени во тестовите на
белодробната функција, каде дијагнозата се потврдува со следниве параметри:
- витален капацитет помал од 50% од нормалниот,
- ФЕВ1 (форсиран експираторен волумен во првата секунда) помал од 50% од нормалниот, и
- употреба на кислород во домашни услови;
Постпримарна белодробна туберкулоза која настанува кога првичната инфекција со микобактериум туберкулозис останува нетретирана
или недоволно третирана, по што настанува инфилтрат и оштетување на белодробното ткиво (каверна), која пак претставува можност за расејување на инфекцијата (милијарна туберкулоза);
Aпластична анемија со тежок облик на откажување на коскената срцевина – предизвикува тежок облик на откажување на коскената срцевина со анемија, неутропенија и тромбоцитопенија;
Е трајно оштетување на нервната синапса кое се карактеризира со изразен мускулен замор;
Е неконтролиран раст на туморни клетки и нивна способност за ширење на околните ткива или миграции на оддалечените места (метастази). Под тумор во смисла на овие Посебни услови се подразбира и леукемија и Хоџкинова болест, освен:
- сите тумори кои хистолошки се утврдени како предмалигни и тумори кои немаат тенденција на ширење или карциноми „ин ситу“,
- сите видови лимфоми во присуство на кој било вирус на хумана имунодефициенција,
- Капошиев сарком во присуство на кој било вирус на хумана имунодефициенција;
Претставуваат повреди или фрактури на пршлените при несреќи, при што може да постои изолирана фрактура на еден пршлен или фрактура на повеќе пршлени одеднаш. Повредата може да ги зафаќа само пршлените или да има и компресија на ’рбетниот мозок или периферните нерви. Тоа доведува до минливо или трајно невролошко оштетување, а третманот најчесто е оперативен;
Е изумирање на дел од срцевиот мускул, кое е последица од ненадејно прекинување на задоволителното снабдување на ткивото со крв во тој дел на срцето. Дијагнозата мора да се темели врз:
- типични болки во градниот кош (ангина пекторис),
- промени во ЕКГ-то, и
- срцевите биолошки ензими;
Заболување на срцето кое резултира со операција на коронарните артерии – зафат на отворен граден кош поради бајпас на дел од артеријата, која била стеснета или затната (облитерирана);
Немалиген раст на ткивото кое се наоѓа во черепот и е ограничен на мозокот, на менингите (обвивките) или черепните (кранијалните) нерви и предизвикува трајно невролошко нарушување;
Зафат поради болест на аортата кој значи заменување на нејзиниот граден или стомачен дел. Покритието не вклучува операции поради повреди или замена на гранките од градната или стомачната аорта;
Замена на срцевите залистоци значи замена на еден или повеќе срцеви залистоци, поради стеснување, неправилно работење или дисфункција.
Целосна парализа или иреверзибилна загуба на активната мускулна функција на два или повеќе екстремитети, која е последица од повреда или болест, која е трајна или трае најмалку (3) месеци;
Клинички поставена и која има за последица трајна неспособност за самостојно извршување на повеќе основни животни функции, која е трајна или трае во континуитет најмалку три (3) месеци;
Несвесна состојба без реакција или одговор на надворешни дразби или внатрешни потреби, која трае минимум триесет (30) дена и предизвикува трајно невролошко нарушување;
Е конечен стадиум на болеста на бубрезите, за која е карактеристично откажување на функцијата на минимум еден од бубрезите, поради што е потребна редовна дијализа или пресадување на бубрези;
Се смета само недвосмислената дијагноза на мултиплекс склероза, докажана врз основа на карактеристични симптоми на демиелинизација, како и попреченоста на моторните и сензорските функции, како и со карактеристичните наоди од магнетнa резонанцa (MRI). Осигуреникот мора да го докаже невролошкото нарушување кое трае непрекинато најмалку шест (6) месеци или е клинички документирано за најмалку две епизоди на влошување на состојбата;
