Одберете осигурување, кое што е кофинансирано од државата преку субвенции. Можете да ги осигурите сите земјоделски култури и овошја што ги одгледувате во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето. Можете да ги заштитите културите од следниве опасности:
- град, пожар и молња (основно осигурување);
- пролетен мраз, луња и поплава (дополнително осигурување).
Можете да осигурите:
- лозови насади;
- овошни насади;
- житни култури;
- градинарски култури;
- индустриски култури.
Договор за склучување на осигурување можете да направите во најблиската експозитура. Сѐ што треба да направите е да обезбедите доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп и да пополните Прашалник за понуда за осигурување посеви и плодови.
