Ова дополнително осигурување можете да го склучите само доколку посевите и плодовите се осигурени од ризиците град, пожар или удар од гром, и доколку се осигуруваат сите плодови од ист вид кои ги одгледува осигуреникот.
Под пролетен мраз се подразбира паѓање на температурата на воздухот под 0°C, доколку настане во периодот од 31 март по 24:00 часот па до крајот на месец јуни.
