Во случај на болест или незгода

Домашните животни и миленици, кои најчесто стануваат членови на семејството, се изложени на разни повреди и болести.

Лекувањето, или загубата на животно обично претставува голем финансиски товар за сопственикот. Затоа, обезбедете соодветно осигурување и префрлете дел од товарот на осигурителната компанија.

Договор за склучување на осигурување можете да направите во најблиската експозитура. Сѐ што треба да направите е да ја обезбедите потребната документација и да пополните Прашалник за осигурување животни.


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Како да постапам во случај на смрт на кучето од болест или од несреќен случај?

Случајот се утврдува на самото место, од страна на проценителот од компанијата, ветеринарот и сопственикот на кучето. Увидот се прави директно на кучето, откако ќе биде утврден неговиот идентитет со читач на ИД кодот.


Во овој случај потребна е следната документација:

  • Пријава за штета;
  • Ветеринарен извештај, образец којшто Триглав го доставува до ветеринарот;
  • Фотографии од кучето направени за време на увид;
  • Одјава од системот за идентификација и регистрација на животните;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на кучето.